Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Екс премиерот се јави со предлог до Владата: Бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава
Македонија

Екс премиерот се јави со предлог до Владата: Бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава

13/02/2024

AA

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска најави дека на седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината.

„Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно, исто така е дека голем дел од патните исправи се заменети. Секое ширење на паника и давање популистички изјави кои не се во насока на решавање на проблемот туку се некакво лично себе истакнување не носат ништо добро. Затоа пратеничката група на СДСМ вчера, а нормално и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија дојдоа веднаш до консензус со сите партии, за да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денеска на седница на Владата ќе предложат решение со кое замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно, на трошок на државата, за да може да се реализира тој процес до крајот на годината“, рече Ковачевски.

Ковачевски се надева дека МВР со своите управи и раководство ќе успеат навреме да набават обрасци за патните исправи, бидејќи и тоа е сложен процес со оглед на тоа дека не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија.

„Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат, мора да се биде реален, бидејќи не е едноставно да се нема патна исправа. Меѓутоа, тоа е процес којшто ќе мора сите заедно да го изодиме. Исто така, се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во текот на изминатите четири години дека каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го врателе името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата. Тие не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав“, додава Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy