Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Koлку инвеститори чекаат црногорски пасош?
Регион

ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Koлку инвеститори чекаат црногорски пасош?

14/11/2023

AA

Странци инвестираат во Црна Гора и добиваат пасоши. Околу 400 инвеститори бараат црногорски пасош.

Црна Гора не решила 398 барања за добивање државјанство, како дел од програмата за економско државјанство, стои во извештајот на Европската комисија (ЕК) за Црна Гора.

Како што пренесува РТЦГ, на 15 јуни годинава сè уште биле во тек 398 пријави. Останатите нерешени апликации, како што додаваат од Европската комисија, треба соодветно да се проверат за да се осигура дека тие се целосно усогласени со сите рестриктивни мерки на Европската унија.

Сепак, има 12 земји кои се на листата на безвизен режим за Црна Гора, но не и за ЕУ, од кои седум имаат трајно ослободување од визи (Азербејџан, Белорусија, Кина, Кувајт, Катар, Русија, Турција), а пет имаат сезонско укинување на визите за влез во Црна Гора од туристички причини помеѓу април и октомври (Ерменија, Египет, Казахстан, Саудиска Арабија, Узбекистан).

Црна Гора воведе визи за жителите на Обединетите Арапски Емирати, како и за граѓаните на Куба и Еквадор (во јануари, април и мај 2023), на кои порано им беше доволен само пасош за да влезат во земјата.

Од економските државјанства во Црна Гора, вкупните ефекти до 2022 година се проценуваат на 97 милиони евра. Турција е сериозен конкурент на Црна Гора. Богатите Руси заминуваат во Турција. 

Во периодот од 7 декември 2020 година до 15 февруари 2022 година, Црна Гора преку програмата за економско државјанство инкасирала повеќе од 73 милиони евра. Од таа сума, повеќе од 50 милиони се инвестирани од руски граѓани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
Македонија

Уапсени две лица во Скопје, си ги криеле регистарските ознаки!

14/02/2026
Македонија

НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците,

14/02/2026
Македонија

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41477
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ ТРАЕН Мицкоски се сретна со

14/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на престојот во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на која фокусот

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026

Дваесет и осумгодишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена за 3.000 евра, откако поверувала во понуда за заеднички бизнис.

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје ќе го испитува потеклото на

14/02/2026

Иако заматеноста на водата во струшкиот водовод постепено се намалува, забраната за нејзино користење за пиење и натаму останува на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy