Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКОНОМСКИТЕ  ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – КИНЕСКАТА КОНКУРЕНЦИЈА ЈА ГАЗИ ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: „Ги надминуваат технолошките можности на Германија“
Економија

ЕКОНОМСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – КИНЕСКАТА КОНКУРЕНЦИЈА ЈА ГАЗИ ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: „Ги надминуваат технолошките можности на Германија“

18/06/2025

AA

Германската индустрија ја губи трката од кинеската
конкуренција, а нејзина најголема пречка се високите трошоци за енергија,
предупредуваат економистите и индустриските експерти.

Германскиот извоз минатата година се намали, според
статистиката, за 1,7 проценти, на приближно 1,65 трилиони евра.

Вредноста на кинескиот извоз во странство се зголеми за 7,1
процент минатата година, на 25,4 трилиони јуани (3,04 трилиони евра).

Кинескиот напредок во
традиционално силните германски сектори

Кинеските компании водат жестоки ценовни војни на домашниот
пазар, а нивниот вишок капацитет претставува значителна закана за германската
индустрија, предупредуваат економистите и експертите.

„Кинеските конкуренти го намалуваат јазот и се сè поактивни
во сегментите на производи и во индустриските сектори каде што германската
индустрија традиционално била многу силна“, вели Филип Боинг, економист и
професор по емпириско истражување на иновациите на Гете Универзитетот Франкфурт
и ZEW Манхајм.

Во области како што се дигитализацијата и генеративната
вештачка интелигенција, кинеските компании „во некои случаи веќе ги надминаа
технолошките можности на германските конкуренти“, додаде Боинг.

Деценија пад на германската
индустрија

Германското индустриско производство е во опаѓање веќе десет
години, предупредува Јенс Бурхарт, експерт за индустријата и партнер во
меѓународната консултантска фирма BCG.

Според Бурхарт, секторите што трошат големи количини на
енергија, како што е производството на основни хемикалии, се во најголема
опасност.

Високите трошоци за енергија, исто така, го загрозуваат
автомобилскиот сектор и се главната причина за ослабената конкурентност на
германските компании, нагласува тој. „Германските
производители (на автомобили) ќе ја задржат својата моментална позиција ако
изградат позиција во сегментот на електрични погонски системи што може да се
совпадне со нивната традиционална позиција во сегментот на мотори со внатрешно
согорување“, рече тој.

Покрај хемискиот и автомобилскиот сектор, сè пожестоката
кинеска конкуренција им „дише во врат“ и на германските компании во сектори
како што се машинството и електроиндустријата, според BCG.

фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy