Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕДНА ПЕКАРНИЦА КРАДЕЛА СТРУЈА КОЛКУ ЗА ЕДНО СЕЛО – КОД открива дека ЕВН фати познати угостители во кражби на електрична енергија
Економија

ЕДНА ПЕКАРНИЦА КРАДЕЛА СТРУЈА КОЛКУ ЗА ЕДНО СЕЛО – КОД открива дека ЕВН фати познати угостители во кражби на електрична енергија

23/09/2024

AA

КОД: ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница
крадела струја колку за едно село

Околу 600 корисници краделе струја преку манипулација на броило кое ја
замрзнува потрошувачката. Најголемиот дел од нив се познати хотели,
кафулиња, кафеани, пекарници од Скопје и од земјата, лоцирани во Дебар мало,
на улица Македонија, во Лептокарија во Скопје, на Широк сокак во Битола и на
други атрактивни локации низ Македонија. 

Кражбите на струја биле евидентирани од страна на системот на ЕВН кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на ЕВН прават контроли на терен. 

Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна
потрошувачка на едно село. Со овој вид на манипулација на броилата, тие не
само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад.

Екипите на ЕВН излегле на терен и во еден ден на една локација извадиле 10
броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од
вообичаеното. 

Поради закани на терен често пати екипи од еден град се
праќаат во друг. На овие броила покрај другите мерки им биле издадени
фактури по претпоставена вредност колку би потрошиле. 

За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува.

Кражбата на струја е кривично дело и предвидена е казна затвор од 5 години и парична
казна за компаниите од 1.500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу
350 случаи на кражби на струја. 

Повеќе во емисијата КОД на Телма
https://www.youtube.com/watch?v=qf_4RPZCASk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy