Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро
Македонија

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

12/04/2023

AA

На денешен ден пред 11 години кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.


Судењето за „Монструм” почна на 20 декември 2012 година. Во јуни 2014 година, шест обвинети лица беа осудени на доживотна казна затвор. На 24 ноември 2017 година, Врховниот суд ја укина пресудата и процесот го врати на повторно судење, а осудените беа ослободени од притвор.

Повторното отворање на случајот уследи по објавувањето на преслушуваните материјали, т.н. бомби од страна на опозицијата во 2015 година. Случајот го презеде СЈО и судењето почна од почеток во мај 2018 година. Во меѓувреме СЈО беше укинато, но истите обвинители продолжија да го водат случајот.


По изречените казни, петмината осудени во случајот „Монструм“ поднесоа жалби, но Апалацискиот суд во септември лани ги одби како неосновани и ги потврди првостепените пресуди.

Беа организирани протести на роднини на осудените, а политичари и политички субјекти најавија и меѓународна истрага за случајот.


Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Северна Македонија.

Петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на Велики четврток пред Велигден на 12 април 2012 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy