Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ЗБОРУВА ОДБРАНАТА НА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ДЗС И МИНИСТРИ ЗА ЕКОНОМИЈА Продолжува судењето за пожарот во Кочани
Македонија

ЌЕ ЗБОРУВА ОДБРАНАТА НА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ДЗС И МИНИСТРИ ЗА ЕКОНОМИЈА Продолжува судењето за пожарот во Кочани

10/12/2025

AA

На третото рочиште во кое одбраната дава воведни зборови, денеска пред Кривичниот суд први ќе се обратат бранителите на четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување и главниот инспектор во ДЗС, кои, заедно со останатите 30 обвинети физички лица се товарат за Тешки дела против општата сигурност, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени.

Поранешните директори Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џеват Селами и инспекторот Љупчо Грнчиштанов се обвинети дека од 2012 година не распоредиле инспектор за заштита и спасување во Кочани и никогаш не спровеле инспекциски надзор во дискотеката, за да проверат дали се исполнети задолжителните услови за противпожарна заштита. На листата со 35 обвинети за трагедијата, тие се 18, 19, 20, 21 и 22 обвинет.

По нив, списокот на обвинети ги опфаќа поранешните министри за економија Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши и на денешното рочиште се очекува воведниот збор и на нивната одбрана. Тие се товарат дека ги издале лиценците за работа на дискотеката „Пулс“ без да ја проверат документацијата. Од Министерството за економија се обвинети и петмина службеници – Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу и Арлинда Касапи, при што Камбери е обвинет и за примање поткуп, во два наврати, за да се издаде лиценцата за „Пулс“.

На денешното рочиште во големата судница во Идризово, не се очекува да завршат воведните зборови на сите обвинети. Најверојатно за утре ќе остане да се слушне излагањето на бранителите на обвинетите пазарни инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев, на поранешната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и на сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.

На минатото рочиште одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека причина за пожарот во дискотеката е употребата на пиротехниката, а не е пропуст во градежната конструкција на објектот, кој ниту се урна, ниту му се оштети статиката. Адвокатите посочија дека градежните инспектори не се надлежни за ентериерот, туку само за промени во габаритот и во градежната конструкција, а во „Пулс“ немало изградба, туку внатрешно преуредување, како и дека без писмен налог градежен инспектор не може да изврши вонреден надзор и не смее да влезе во приватен објект, оти кривично ќе одговара.

Одбраната на поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитров истакна дека тој не само што немал намера или умисла за делото што му се става на товар, туку бил единствениот кој реагирал и поднел барање до надлежните да не се издаде дозвола за работа на „Пулс“ и тоа уште пред објектот да почне со работа. Димитров праша каква правда може да се добие, ако се обвинуваат луѓе што не се виновни и истакна дека нема правда со заменски обвинети и не може некој невин да го носи товарот наместо вистинскиот одговорен.

И адвокатите на обвинетите поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илијев и Љупчо Папазов потенцираа дека локалната власт нема никакви ингеренции во врска со дискотеката „Пулс“, која е целосно во надлежност на државната власт и на државните инспекторати, а постапката против ексградоначалниците се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата.

На минатото рочиште на 4 декември одбраната на членовите на обезбедувањето оцени дека обвинението против обезбедувачите е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата ги посочија институционалните пропусти и недостигот на надзор.

На рочиштето на 2 декември сите обвинети за трагичниот пожар се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за обвинението што им се става на товар.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45299
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден час

28/08/2026

Иако се работи за само три дена, граѓаните не се откажуваат од краток викенд на море. Фотографии од утрово покажуваат

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy