Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар
Економија

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

16/05/2024

AA

Инвестициите од германски компании во Македонија бележат благо намалување, што според претставниците на овие компании се должи на недостигот на стручни кадри во земјава. 

Германските компании ја оценуваат бизнис климата во Македонија како добра или многу добра, покажа анкетата спроведена меѓу германските инвеститори и компании членки на Македонско- германското стопанско здружение. 

– Показателите за инвестиции на компаниите и нови работни места остануваат стабилни,

49 отсто од анкетираните компании ја оцениле моменталната економска состојба во Македонија како добра или задоволна. Споредбено со претходната година, 6 отсто од анкетираните компании ги оценуваат економските перспективи за 2024 година како добри, 57 проценти ги оценуваат како задоволителни, а 37 отсто ги оценуваат како полоши – соопштија од Делегацијата на германско стопанство во Македонија.

Во споредба со истражувањето од претходната година, дури 10 проценти повеќе од анкетираните компании ги оценуваат економските изгледи како добри и задоволителни. .

– Во однос на процената на тековната 2024 година, 23 отсто очекуваат раст во бизнисот, додека 17 проценти очекуваат дека ќе има влошување. Во однос на планираните инвестиции 30 отсто од испитаниците одговориле дека сакаат да ги зголемат своите капитални инвестиции, 33 проценти рекле дека ќе останат на истото ниво во однос на инвестициите, а 37 отсто рекле дека ќе ги намалат трошоците за инвестиции. Генерално, ова е показател дека ќе има забавување во однос на инвестициите кај анкетираните компании во споредба со динамиката од претходните години – нагласуваат од делегацијата. 

Еден од одлучувачките фактори е се поголемиот недостиг на стручни кадри. Дури 70 проценти од германските компании во земјава сметаат дека недостигот на стручни кадри е еден од најголемите ризици, а недостигот на стручни кадри се одразува врз тековното производство и на намалување на планираните тековни инвестиции. 

Сепак, како што беше посочено на прес-конференцијата, Македонија останува атрактивна локација за инвестирање на германските компании за што говори податокот од анкетата дека 69 проценти од компаниите изјавиле дека повторно би инвестирале во земјава. 

Германските инвеститори во земјава бараат продолжување на дијалогот со надлежните институции во земјава, консултации пред да се донесат законски измени кои би влијаеле врз нивното работење, зголемување на ефикасноста на администрацијата и завршување на инфраструктурните проекти. 

– Иако е рано за Нова Година, ние би сакале да ги доставиме нашите новогодишни желби до новата Влада, а тоа се продолжување на отворениот дијалог, консултации со економските тела како коморите и економските здруженија пред да се носат законски измени кои би се одразиле врз работењето на компаниите, зголемување на ефикасноста во делот на административните процеси, како што се издавањето на дозволи за престој, дозволи за работа и поголема трнаспарентност во нивние процеси, како и продолжување и завршување на веќе започнатите инфраструктурни проекти, рече Ванделт. 

Според Македонско- германското стопанско здружение, досега германските инвеститори во земјава немаат добиено директна понуда да дадат мито, но она со коешто се соочиле во работењето е дека некои процеси многу се пролонгираат, како на пример процесот на вадење работни дозволи за странци или други дозволи што им се потребни на компаниите, а за кои немаат конкретен одговор, односно не знаат зошто одлуката не е донесена, зошто се одбиени…..

Во однос на рецесијата во Германија и како таа ќе се одрази врз земјава, според Ванделт, Северна Македонија може да профитира од тоа затоа што германските компании ги префрлаат своите производни капацитети во други држави.

– Можеме да кажеме дека едноставно во Германија дојде до рецесијата поради тоа што се префрла производството од Германија, така што директно можеме да кажеме дека Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, односно германските компании бараат други пазари каде што можат да ги префрлат своите цели производни процеси. Тоа и се случува. Затоа имаме и големи реинвестиции од страна на скоро сите германски инвеститори коишто се во земјата и сега засега тоа се одвива многу позитивно. Наша проценка е дека тоа и во иднина ќе продолжи така – да се префрла се повеќе производството наваму, нагласува Ванделт.

Во земјава има повеќе од 200 германски компании кои вработуваат над 20 илјади вработени и имаат важен удел во инвестициите во Северна Македонија. Во текот на 2023 година има и нови германски инвеститори, но и голем дел од компаниите реинвестирале во државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има

18/08/2026
Македонија

Охридското Езеро неделава ќе се пориби со 100.000 пастрмки

18/08/2026
Македонија

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

18/08/2026
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските амбасадори во Скопје

18/08/2026

Македонските амбасадори и генерални конзули од странство оваа недела ќе се соберат во Скопје на Амбасадорски совет, настан кој по

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

18/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy