
ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛЕЦОТ ВО БУГАРИЈА: Колку ќе заработуваат работниците кај источниот сосед?
Минималната плата во Бугарија догодина ќе биде околу 500 евра.
Синдикатите пресметаа дека од следната година минималната плата во Бугарија треба да се зголеми за 15,4 отсто и да биде околу 500 евра. Пресметките се врз основа на податоците на Националниот статистички институт (НСИ) за висината на просечната плата во земјава во вториот квартал и механизмот донесен пред година и пол за утврдување на минималната плата. Минималната плата сега се пресметува како 50 отсто од просечната бруто-плата за четири квартали од средината на оваа година. По покачувањето, кога ќе се платат даноците на минималната плата, луѓето што ќе ја земаат сепак ќе добијат нешто под 500 евра.
foto freepik.com/weyo

