Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се утврдува причината за смртта на Јана во битолската болница, според премиерот имаме функционален здравствен систем
Македонија

Ќе се утврдува причината за смртта на Јана во битолската болница, според премиерот имаме функционален здравствен систем

29/03/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека треба да се почекаат фактите од извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница.

– Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред се не сум медицинско лице. Меѓутоа, врз основа на сите факти ќе бидат носени одлуки во иднина, но прво да почекаме да бидат споделени фактите за точно што се има случено во битолската болница, рече Ковачевски.

Премиерот смета дека ние имаме функционален здравствен систем, којшто има голем број вработени и за којшто се обезбедени финансиски средства на ниво од 0,8 милијарди евра во Буџетот за 2023 година.

На забелешките дека нема доволно медицински кадар, Ковачевски рече дека во здравството е потребно да се направи прераспределба на кадрите. Како пример го посочи Скопје, каде според него, некаде има вишок на кадри.

– И на Министерството за здравство и нормално на директорите на клиниките, е да ги распоредат кадрите во рамките на државата таму каде што имаат потреба, бидејќи се добива понекогаш впечаток дека во некои места има недостиг, а во некои места во принцип сакаат најмногу да работат сите работници. На пример, во градот Скопје некаде се јавуваат одредени вишоци на кадри така што треба да се направи добро распоредување на ресурсите и согласно тоа да функционира системот на уште подобро ниво, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy