Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ ПОСКАПЕ ПАРНОТО ПОРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ“: Бислимоски за одлуката на Уставен суд 'ќе биде лошо ако се греат на струја'
Економија

„ЌЕ ПОСКАПЕ ПАРНОТО ПОРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ“: Бислимоски за одлуката на Уставен суд 'ќе биде лошо ако се греат на струја'

23/05/2025

AA

Можно е зголемување на цената на топлинсакта енергија поради последната одлука на УСтавниот суд, посочи денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. 

Тој истакна дека за Одлуката на Уставниот суд дознале од медиумите и се уште немаат добиено официјално известување. Иако укажа дека вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, сепак дополни дека оваа Одлука значи дека се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. 

– Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување – рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Дополнително посочи дека, зголемениот број потрошувачи кои би се грееле на струја, ќе го оптоварат дистрибутивниот систем во Скопје кој е проектиран со трафостаници и мрежа со послаб капацитет таму каде што има организиран систем за топлинска енергија.

– Особено се плашам дека ако тие потрошувачи кои би се исклучиле и би почнале да се греат на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје. Ние како РКЕ ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд, но кажувам што ќе значи тоа во пракса – можност за полесно исклучување, намалување на бројот на потрошувачи на топлинска енергија, што може да доведе до зголемување на цената за парно и да имаме домаќинства кои повеќе ќе се греат на електрична енергија – истакна Бислимовски.

Во врска со снемувањето струја минатиот викенд во речиси цела Македонија, МЕПСО, нагласи Бислимовски, до денес треба да испрати целосна информација што се случило. Тој оцени и дека извештајот од Шпанија и Португалија за испадот со електрична енергија ќе биде добро искуство за сите останати преносни систем-оператори во Европа.

– Има зголемено производство на електрична енергија и сите преносни систем-оператори во координација со нивното европско здружение преземаат мерки за да не доаѓа до „блек аут“. Тие мерки во текот на денот добро функционираат. 

Некаде за Велигден дел од фотоволтаичните електрани по налог на МЕПСО беа исклучени и во тој дел не очекувам да има проблеми. Никогаш не може со сигирност да се каже, но сите механизми што му стојат на располагање на МЕПСО и во координација со соседните системоператори се преземаат соодветни мерки.

Во неделата се случи испад во периоди кога не произведуваат фотоволтаичните електрани. МЕПСО до денес ќе ни испрати целосна информација што се случило – рече претседателот на РКЕ.

Според него, повисоките напони се регулираат и со системските резрви.

– МЕПСО во наредниот период ќе распише тендер за поставување поголема кондензаторска батерија во Неготино и тој проблем ќе биде надминат во наредниот период. Во критични режими на работа, операторот на електропреносниот систем секаде во Европа, па и во Македонија, има обврска да преземе мерки за да го задржи целокупниот систем стабилен – подвлече Бислимовски.

Тој дополни и дека со новиот Закон за енергетика се овозможува поставување батериски системи.

– Верувам дека тоа во наредниот период ќе се случи зашто има голем број сопственици на фотоволтаични електрани кои се заинтересирани за поставување батериски системи. Тие ќе имаат право да постават батериски системи со моќност колку моќноста на фотоволтаичните електрани. Обврска ќе биде кај сите фотоволтаични електрани и таму каде што има батрерсики системи, да се постават уреди за далечинско управување на системите. Се разгледува можмноста дел од капацитетот на батериите да биде даден на МЕПСО за системски услуги, односно за балансирање, за соодветен пазарен надомест – информира Бислимовски според кој, МЕПСО во момнентов има системски резрви од ЕСМ, а во некои периоди од денот или годината, како што рече, тие услуги ги дава и ТЕ-ТО. 

Воедно тој информираше дека во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа.

Во моментов за енергетски дејности се издадени 8.800 лиценци, а за пробна работа околу 150. Со промената, во лиценците ќе се вметнат промените содржани во новиот Закон за енергетика.

– Ако носителите не ги достават барањата, нивните лиценци ќе престанат. Ние и од нашиот мониторинг систем на сите меил адреси што ни ги доставија ќе ги известиме носителите на лиценци и очекувам сите да си ги завршат овие обврски – потенцира Бислимовски. 

Тој информира и дека носителите на лиценци за пробна работа ќе може да ги продолжат лиценците исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на кој објектот е приклучен. Одредбите од новиот Закон не предвидуваат привремена лиценца.

– РКЕ врши редовни контроли на сите лиценцирани компании кои имаат добиено лиценца од наша страна. Во минатото РКЕ ги менуваше лиценците по носење нов закон за енергетика по службена долќност, а сега со оглед дека има поголем број лиценци, сами доставуваат барања. 

Нема никакво затворање на ниту еден пазар, има и лиценци издадени на компании кои вршат соодветна енергетска дејност, а не биле активни на некои од пазарите на струја, природен гас, нафтени деривати,… 

Едноставно, ќе се направи прочистување на издадените лиценци во РКЕ, тие што се сериозни носители ќе си ги поднесат барањата, имајќи предвид дека се издадени доста лиценци во последниот период, ќе се прочистат тие што ја вршат соодветната дејност и се активни на сите пазари, сигурен сум дека тие ќе поднесат барање. Има некои што не се активни и за време на трaењето на лиценцата не известуваат дека таа сака да престане – објасни претседателот на РКЕ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: Нема нови хоспитализации во Гостивар, но мерките остануваат на

23/07/2026
Македонија

Мајка и 14-годишен син задржани во Неготино по пријава за

23/07/2026
Македонија

Мицкоски: Водата во Гостивар најпрво за техничка употреба, до следната

23/07/2026
Македонија

АХВ изврши 70 контроли во Гостиварско: Казнети оператори, пронајдена небезбедна

23/07/2026
Македонија

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе

23/07/2026
Македонија

Мицкоски: Граѓаните ќе бидат обештетени за штетите од невремето во

23/07/2026
Македонија

Семејно насилство во Гевгелија: Ја удирал со боксови и клоци

23/07/2026
Македонија

Драма во Трубарево: Барал исплата на дневници, па со нож

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44593
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски: Нема нови хоспитализации во Гостивар, но мерките остануваат на сила

23/07/2026

Иако бројот на заболени во Гостивар не расте, здравствените власти предупредуваат дека опасноста сè уште не е целосно надмината. Министерот

Мајка и 14-годишен син задржани во Неготино по пријава за кражба на 17.300 евра

23/07/2026

На 22.07.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот

Мицкоски: Водата во Гостивар најпрво за техничка употреба, до следната недела и за пиење

23/07/2026

Решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Гостивар напредува според планираната динамика, а доколку не дојде до непредвидени околности, жителите најпрво

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy