Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ ПЛАЌАМЕ И НЕПРОИЗВЕДЕНИ КОЛИЧИНИ ЕНЕРГИЈА“ – експерите укажуваат дека со новите инвестиции не се гради енеретска стабилност
Економија

„ЌЕ ПЛАЌАМЕ И НЕПРОИЗВЕДЕНИ КОЛИЧИНИ ЕНЕРГИЈА“ – експерите укажуваат дека со новите инвестиции не се гради енеретска стабилност

08/02/2024

AA

Законите и
договорите со „стратешките инвеститори“, кои веќе се пред пратениците, ја
разбрануваа македонската јавноста. За едни треба да ја подобри нашата
енергетска стабилност, но за други, напротив не бутка во енергетска зависност,
која ќе резултира со уште повисоки цени на струјата. По бурните реакции побаравме
став и од истакнатиот професор Ристо В. Филкоски од Машинскиот факултет од УКИМ
за предностите и маните од најавените проекти, кој за Фактор направи кратка
анализа на најавените инвестиции. Филкоски за Фактор истакнува дека „со давањето повластици на странски „инвеститори“ ни
случајно не се решава прашањето на сигурно снабдување на земјата со енергија“.

– 
Одреден број години
наназад се одвива процес на сериозно разградување на енергетскиот сектор во Македонија.
Дали е тоа случајно, од незнаење и негрижа, поради немање поим за сложеноста на
енергетиката или намерно, поради различни причини (лукративни, злонамерни, со
цел да се уништи производството и потоа да се остварува профит со увоз на
електрична енергија и други причини), не би можел да тврдам, затоа што немам
доволно релевантни параметри за оценка. Како што обично бидува, најверојатно
станува збор за комбинација од едното и другото. Многупати сме повториле дека
секторот енергетика е исклучително комплексен, затоа што има суштинска улога и
влијание  во сите пори на општеството и
од неговата стабилност зависи севкупниот општествен развој, започнувајќи од
секојдневниот квалитет на животот, функционирањето на индустријата,
земјоделието, комерцијалните дејности, јавниот сектор и сите други области
од
човековото битисување. Поради тоа, истиот не трпи импровизации и решенија од
денес за утре – посочува професрот.

ИНВЕСТИТОРИТЕ
ДОАЃААТ ДА НАПРАВАТ ПРОФИТ, НЕ ЕНЕРГЕТСКА СТАБИЛНОСТ

Потоа нагласува „дека со
давањето секаков вид повластици на странски „инвеститори“ ни случајно не се
решава прашањето на сигурно снабдување на земјата со енергија“.

– 
Суштинските правила на
стратешкото планирање во енергетскиот сектор, за неколку столбови мора да се
води сметка се: енергетска безбедност, намалување на енергетската сиромаштија кај
населението, релативна независност
и ефикасност (квалитет) во снабдувањето со енергија
по прифатлива цена и одржливост на енергетскиот систем од технички, економски и
еколошки аспект. Веднаш да расчистиме, т.н. „инвеститори“ не доаѓаат во
Македонија за да исполнат кое и да било од претходните барања, туку за да
остварат профит
– укажува Филкоски.

Професорот објаснува дека кога се зборува за градба на
фотоволтаични централи или ветропаркови, доколку се проследени со давање
квалитетно земјиште и пратечка инфраструктура под исклучително поволни услови
за т.н. инвеститори, тука воопшто тешко може да стане збор за некаква директна
придобивка од таквите „инвестиции“.

– Имено, тука речиси и нема домашно учество во производството на компонентите, а при инсталирањето домашното учество е минимално, додека нови вработувања има многу малку. Освен тоа, учеството на таквите електроцентрали во енергетскиот биланс е мало, речиси занемарливо и служи само за богатење на поединци, кое, секако, го плаќа народот преку повисоките сметки. Малку се подобрува ситуацијата доколку на „инвеститорот“ му се наметне обврска фотоволтаичната централа да ја опреми со соодветен батериски систем за складирање електрична енергија, што ќе ги зголеми трошоците на „инвеститорт“ и ќе му го намали профитот – прецизира Филкоски.

Тој посочува дека и покрај новте инвестиции „проблемот
останува дома“
. Имено, како што објаснува професроот, базичното снабдување со
електрична енергија по прифатлива цена за населението и понатаму ќе остане
обврска на АД ЕСМ како државна компанија за производство на електрична, а од
неодамна и на топлинска енергија, со сите грамадни тешкотии што ја следат поради
недоволното инвестирање за одржување на старите и изградба на нови капацитети.
Понатаму, цената по која АД ЕСМ се задолжува да ја продава електричната
енергија на универзалниот снабдувач обично е (значително) пониска од
берзанската.

– 
Не верувам дека странскиот „инвеститор“ би се согласил при таква цена да
инвестира и по таква цена да му продава електрична енергија на универзалниот
снабдувач – потенцира Филкоски.

ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ МНОГУ НЕПОВОЛНА ЗА
МАКЕДОНИЈА, НО БЕНЕФИТ ЗА ИНВЕСТИТОРОТ

Професорот потсетува оти е факт дека нам итно ни се
потребни нови комбинирани термоенергетски постројки на природен гас.

– 
За да ги следиме трендовите, би спомнал дека таквите постројки во најново
време се изведуваат за да може да функционираат со горивна смеса од природен
гас и мал процент водород. Без нив, набрзо ќе станеме енергетски тотално
зависни од увоз на електрична енергија
. Меѓутоа, при планирањето на
модалитетите за нивна изградба во преден план треба да се имаат интересите на
земјата
, односно на народот. Спомнуваниот закон за договор со странски
„инвеститор“ за изградба на когенеративна постројка во Скопје е многу неповолен
за Македонија, а исклучително, асиметрично поволен за другата страна
. Без
навлегување во многуте детали, вклучувајќи го и влезниот финансиски подарок од
народни пари кон т.н. „инвеститор“, со евентуална реализација на таквиот
проект, на пример, често ќе се доведуваме во ситуации да откупуваме електрична
и топлинска енергија по загарантирана цена во време кога не ни требаат, па дури
и да плаќаме непроизведени количества
– појаснува Филкоски.

Потоа професорот укажува дека е за чудење и неверување
како при толкав енормен пораст на буџетските трошоци
, кои во последниве години
надминуваат пет милијарди евра, досега не се најдоа пари и начини за изградба
на комбинирани когенеративни термоенергетски постројки и други енергетски
објекти претежно со домашни сили
(финансиско-економски, интелектуални и др.),
во најдобар интерес за благосостојба на народот и државата.

– 
На крајот, во врска со најновата изјава на еден економски министеи дека ќе
се потруди по неколку години да се затвори ТЕ-ТО (термоенергетска постројка што
работи исклучително ефикасно!), би рекол дека тоа е врвна глупост, без никаква
техничка и економска логика
. Од ТЕ-ТО сите ние можеме многу да учиме, па така и
за новите постројки што државата треба да ги изгради во најкус рок, искуствата
од планирањето, проектирањето, градбата и функционирањето може да бидат од
непроценливо значење
– потенцира Филкоски.

Петранка Огнаноска

Фото: freepik.com/yelantsevv

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да

21/12/2025
Македонија

СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените

20/12/2025
Македонија

Инцидент во Кочани: Физички нападната млада докторка од Итната помош

20/12/2025
Македонија

НОВИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ Родителите

20/12/2025
Македонија

НЕ ЗАСТАНАЛ, УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „АУДИ“, БЕГАЛ Уапсен 28-годишник од

20/12/2025
Македонија

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост

20/12/2025
Македонија

СЕ ЗАБИЛ СО МОПЕД ВО СТОЛБ 17-годишник почина во Неготинско

20/12/2025
Македонија

„Удри“ по џебот на фирмите, опомени за граѓаните: Еден месец

20/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39231
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да ги следат ажурирањата на летовите,

21/12/2025

Mеѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови, порачуваат од ТАВ Македонија по шпекулациите во

СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените дожд и снег

20/12/2025

Времето утре, 21 декември, ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава

Инцидент во Кочани: Физички нападната млада докторка од Итната помош додека била на смена

20/12/2025

Нов случај на насилство врз медицински персонал ја потресе јавноста во источниот дел на земјата. 33-годишна докторка вработена во Итната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy