Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“
Економија

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

16/10/2024

AA

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

– Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година. Ќе ни биде битно да ги видиме овие искуства и особено искуството кое што ќе се однесува на т.н. начин на воведување на таксата за СО2 емисии – изјави Бислимоски на паузата на состанокот. 

Нагласи дека земјите од регионот имаат обврска да го имплементираат воведувањето на таксата за СО2 емисии од 1 јануари 2026 година. 

– Во изминатиот период имавме комуникации со регулаторните тела од аспект на цена и со министерствата за енергетика. Сметам дека воведувањето на оваа такса за СО2 е сериозна реформа и треба да се направат анализи дали воопшто е потребно така драстично да започне од 1 јануари 2026 за нашиот регион, имајќи во предвид дека домашното производство на електрична енергија и во Македонија, и во БиХ, и во Србија, и во Косово и во Црна Гора се базира пред се на термоелектраните. Тоа би претставувало сериозен притисок врз самите економии – рече Бислимоски.

Нагласи дека имаме речиси повеќе од една година за отворено со анализи да дискутираме со претставниците на ЕУ за начинот кога и како да ги применат овие обврски земјите коишто се од регионот. 

– Сметам дека не треба, но доколку се реши да се примени од 1 јануари 2026 година тогаш ќе ни треба сериозна финансиска инјекција од страна на Европската комисија (ЕК) на ист начин како што се третирани земјите членки на ЕУ – потенцира Бислимоски.

Посочи дека има два пристапа за имплементација на таксата за СО2.

– Првиот пристап е директно да се имплементира на цената на електричната енергија произведена од термоелектраните, тоа е некаде 60-70 евра за мегават час, а вториот пристап е на секој производ од Македонија којшто ќе се извезува во земја членка на ЕУ да се воведе дополнителна такса. 

Сметам дека сите земји од регионот направиле многу за да го имплементираат европското законодавство и во одреден дел на имплементација тоа навистина не чинело и финансиски средства, така што, ова сега е нешто од финансиски аспект што може многу да им направи проблеми и да ги изложи на дополнителни трошоци. Затоа сметам дека треба отворено да разговараме и доколку се реши да почне од 1 јануари 2026 година да добиеме финансиска помош од страна на ЕК како што го имаат тоа право сите земји членки на ЕУ – порача Бислимоски.

Додаде дека финансиската помош треба да биде различна за секоја земја и да зависи од трошоците за СО2 такси.

– Факт е дека ние во Македонија влеговме сериозно во зелена транзиција, покажуваме резултати, до крајот на годината верувам дека ќе имаме нови инсталирани помеѓу 950 и 1.000 мегавати обновливи извори од енергија. Покрај тоа, трите блока во РЕК Битола реално иако имаат вкупен капацитет од 700 мегавати работат со капацитет од 450 до 480 мегавати што значи дека де факто како еден блок да ни е затворен. Исто така, термоелектраната Осломеј повеќе не работи отколку што работи, така што ние сме на добар пат, но ќе треба да се обезбедат и финансии и начини оваа базна енергија што ќе ја изгубиме од термоелектраните како да ја замениме со друга базна енергија – појасни Бислимоски. 

Базна енергија, посочи, може да ни дадат когенеративни постројки коишто произведуваат и електрична енергија и топлинска енергија или, пак, изградба на големи хидроелектрани, но за тоа треба време. 

– Сигурен сум дека и ЕУ ќе го препознае напредокот којшто го прави и Македонија, но и земјите од регионот во однос на оваа зелена транзиција – рече Бислимоски.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите

17/05/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството

17/05/2026
Македонија

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026
Македонија

Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни ќе се

17/05/2026
Македонија

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле

17/05/2026
Македонија

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026
Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја

17/05/2026
Македонија

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово

17/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43321
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите во светот

17/05/2026

Македонската репрезентација обезбеди пласман на СП 2027 Македонската ракометна репрезентација повторно ја израдува нацијата. Избраниците на селекторот Кире Лазаров изборија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17/05/2026

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026

На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy