Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ МУ „СВЕТНЕ“ ЛИ КОНЕЧНО НА ДРЖАВНИОТ ЗАГУБАР – можна ли е годинава позитива во ГТЦ, еве што кажуваат првите шест месеци
Економија

ЌЕ МУ „СВЕТНЕ“ ЛИ КОНЕЧНО НА ДРЖАВНИОТ ЗАГУБАР – можна ли е годинава позитива во ГТЦ, еве што кажуваат првите шест месеци

04/08/2023

AA

По три години драматични загуби, кои надминуваа по половина милион евра, за кои се јави да ги коментира од Будимпешта дури и поранешниот премиер, Никола Груевски, има ли конечно надеж за Градскиот трговски
центар оваа година да ја заврши во зоната на позитивата.

Бројките за првото полугодие од годинава се охрабрувачки, а тие говорат
дека ГТЦ за шест месеци остварил профит, иако е факт дека неговото профитабилно
работење многу оправдано може да се нарече повеќе од скромно.

Односно, во првите шест месеци од годинава Градскиот трговски центар
остварил нето добивка од над 89 илјади евра, што само по себе како бројка не е
воопшто висока, особено за еден таков голем шопинг центар од калибарот на ГТЦ,
но е многу битно од аспект што оваа добивка доаѓа, а да се надеваме и дека ќе
се одржи до крајот на годината, по три години во кои ГТЦ работеше со длабоко
негативен финансиски резултат.

Или, ланската 2022 година ГТЦ ја завршил со загуба од 647 илјади евра,
додека, пак, една година претходно финансискиот резултат исто така беше
негативен, и беше на сума од 581 илјади евра, што следувало после исто така
страшно загубарската 2020 година, во која негативата тежела 661 илјади евра.

Оваа година, барем во првите шест месеци се јавува зрак на надеж, бидејќи ова
државно акционерско друштво биле профитабилно со 89 илјади евра. Иако, радоста
ја заматува фактот што добивката за првите три месеци била поголема и
изнесувала 130 илјади евра, што, пак, значи дека во вториот квартал повторно се
работело со загуба, од причина што токму таа загуба ја намалила добивката
остварена во првиот квартал.

Исто така, треба да се има предвид дека ГТЦ и лани работел со добивка во
првите шест месеци од годинава, но таа била помала и изнесувала 38 илјади евра.
Што значи дека во годинашново прво полугодие таа е значително зголемена,
односно за дури 135 отсто.

Да видиме на што се должи добивката во првите шест месеци.

Во периодот од јануари заклучно со крајот на јуни, ГТЦ остварил оперативни
приходи од 1,94 милиони евра, и тие најмногу се должат на приходите од продажба
на домашен пазар, што всушност е наплатата на закупнините од издадените
дуќани, или тие се остварени на сума од 1,93 милиони евра, и кај нив
зголемувањето е за шест проценти во однос на истиот перипод лани.  

Додека, пак, оперсативните расходи биле на ниво од 1,86 милиони евра, што е
раст за три проценти.

Најголем пораст на расходната страна има кај услугите со карактер на материјални
трошоци, или тие се 1,05 милиони евра, и кај нив зголемувањето е за 63
проценти.

Трошоците за вработените се 801 илјадуи евра, и тие се на исто ниво како
лани, односно се намалени за само еден отсто во однос на ланскиот шестмесечен
период.

Всушност, прекинувањето на негативниот тренд, како што веќе пишуваше
Фактор, а што се однесуваше на првиот квартал од годинава, се должеше токму на кратењето на трошоците за вработените за 34 проценти.

Инаку, покрај кор бизнисот, треба да се спомене дека лошо е што
финансиските приходи на ГТЦ во првите шест месзеци се намалени за 29 отсто,
додека, пак, финансиските расходи, каде влегуваат трошоците за камати и за
курсни разлики, се зголемени за 26 проценти.

Во своето образложение испратено до Берзата, од ГТЦ најавуваат дека за оваа
година, целта им е да ја завршат со добивка.

„Целта
на нашето работење е да оствариме позитивни резултати во наредниот период за
тековната 2023 година,со
максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага нашето друштво“, се вели во објавата од раководството на државно поседуваното акционерско
друштво.

Практично, сега токму на нив останува да го задржат овој позитивен ветер и
конечно да завршат во зоната на позитивата, и да се обидат никако да не ги
повторат лошите бројки од претходните три години.

Како што веќе пишуваше Фактор, ланската загува од 646 илјади евра, има извор на пари од каде ќе се покрие во најголем дел, а тоа се статутарните резерви на друштвото. Имено, најголем дел од оваа загуба, односно 600 илјади
евра, ќе се покријат од статутарните резерви, додека, пак, близу 46 илјади евра
од ланската загуба ќе остане непокриена и ќе остане за покривање за наредниот
период.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy