Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ – но еве и што друго ги вознемирува
Економија

„ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ – но еве и што друго ги вознемирува

10/10/2024

AA

Германците се загрижени поради порастот на цените и можноста за плаќање на становите, а присутен е и стравот од миграција.

Дали цените ќе продолжат да растат? Дали ќе можам да платам за станот? Дали Германија ќе биде преплавена од доаѓањето на нови бегалци и имигранти?

Овие прашања ги загрижуваат Германците, според истражувањето „Стравовите на Германците“, претставено во средата во Визбаден, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Загриженоста за зголемените трошоци за живот е на врвот на листата на стравови. Дури 57 отсто од испитаниците изјавиле дека се плашат од натамошно поскапување.

Стравот од поскапување беше најчест во досегашните 33 испитувања.

„Погледот на нашата долгорочна статистика покажува: кога станува збор за личните финансии, Германците реагираат чувствително“, вели авторката на студијата Гриша Брауер-Рабинович.

Многу Германци, 52 отсто од нив, сè уште стравуваат дека кириите ќе пораснат премногу.

Стравот од поскапување на кириите е на трето место.

Сепак, во однос на минатата година, расположението е подобрено. Стравот од поскапување и прескапените станови се намали за по осум отсто.

„Луѓето имаат повеќе во своите паричници. Тоа не е без последици“, рече Брауер-Рабинович.

Истражувањето за стравовите е нарачувано од осигурителната компанија R+V повеќе од 30 години. За овогодинешното истражување, анкетарите контактирале со околу 2.400 луѓе на возраст над 14 години од јуни до август.

Страв од миграција

Темата за миграција продолжува да ги загрижува луѓето во Германија и е втора на листата на стравови. Повеќе од половина од анкетираните, 56 отсто, стравуваат дека општеството и властите не можат да се справат со бројот на бегалци. Понатамошната миграција може да доведе до тензија во општеството, според 51 процент од испитаниците.

„Главните проблеми поврзани со миграцијата и интеграцијата се запоставени долго време. (…)“, рече политикологот Изабел Боруцки, додавајќи дека институциите мора да направат повеќе.

„Особено на исток има чувство на нееднаков и нефер третман во делови од општеството. „Странците, бегалците и нивното доаѓање се доживуваат како закана“, објасни таа.

Значително е зголемен и стравот од политичкиот екстремизам – од него стравуваат 46 отсто од испитаниците, што е за осум отсто повеќе од лани.

Од нив, 48 отсто се плашат од исламистички тероризам, 38 отсто од десничарскиот екстремизам, а седум отсто од левичарскиот екстремизам.

Извор: Феникс магазин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy