Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА
Македонија

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

22/09/2025

AA

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс (CAML).

Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничка експертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи раководни функции во повеќе рударски проекти низ светот. На пример, во компанија во Саудиска Арабија раководел со техничките функции на шест рудници и постигнал значително подобрување на оперативните перформанси. Како технички директор во компанија во Австралија предводел тим од над 30 инженери, геолози и геодети кои управувале со три подземни рудници за бакар, а ја извршувал и функцијата главен оперативен директор на компанија која управува со неколку подземни рудници и постројки за преработка на руда, исто така во Австралија.

Како генерален директор на Рудник САСА, Караматиќ ќе раководи и ќе биде одговорен за целокупното работење на САСА, обезбедувајќи ја на тој начин реализацијата на краткорочните и долгорочните стратешките цели кои се темелат на безбедно, ефикасно и одржливо производство. Меѓу другото, тој ќе биде одговорен и за надгледување на финалната реализација на капиталните  проекти и продолжувањето на транзицијата кон нови рударски методи, кои треба да обезбедат понатамошен развој и технолошки напредок на рудникот.

„Импресиониран сум од сè што досега го видов во САСА, почнувајќи од професионалноста, стручноста и посветеноста на тимот, до постигнатите резултати во областа на безбедноста, условите за работа и благосостојбата на вработените, како и севкупниот технолошки напредок и односот кон животната средина. Имам исклучително позитивен прв впечаток. Сметам дека САСА е во одлична позиција да продолжи со идниот одржлив развој и верувам дека со заедничка работа со тимот на САСА и поддршката што ја добиваме од Централ Азија Металс, ќе продолжиме и понатаму да ја унапредуваме нашата целокупна работа, на начин кој создава вредност за сите – за вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница и националната економија“, изјави Џејми Караматиќ, по неговото назначување на функцијата.

Караматиќ добро го познава регионот, со оглед на неговите семејни корени кои потекнуваат од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Пoкрај успешната професионална кариера, тој е пасиониран велосипедист на долги патеки, риболовец и посветен татко на двајца синови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy