
Ќе има ли нов ценовен шок? – Завршува владината мерка, се одмрзнуваат маржите
Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, која беше воведена за време на кризната состојба.
Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.
Порачуваат надлежното Министертсво будно да ја следи состојбата и доколку забележи зголемување, односно скок на цените на основните прехранбени производи, да преземе одредни мерки кои треба да дадат резултат на подолг рок.

