Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?
Економија

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

30/04/2024

AA

Хусамет Агушовски, претседателот на Управниот одбор на Топлана Скопје Север, која од неодамна е продадена за 350.000 евра, на новиот сопственик Ајри Шеј му ја отстапи директорската функција во фирмата „Друштво за снабдување со пареа и топла вода „Енерџи Еколинк АД – Скопје“.

Оваа фирма која од пред неколку дена се вика „Енерџи Еколинк АД – Скопје“, претходно го носела називот Акционерско осигурително брокерско друштво Нов Осигурителен Брокер – Скопје.  Директорот на друштвото кое е продадено, на купувачот му отстапува место во фирма која по се изгледа ќе снабдува топлинска енергија во големо скопско подрачје преку Топлана Скопје Север.

Регистрирано е и ново седиште на адресата каде што е топланата. Ајри Шеј е нов генерален директор на местото на Хусамет Агушовски како директор и претседател на Управниот одбор. Шеј за свои соработници во Управниот одбор си ги донел Арѓент Караи од Гостивар како претседател на Одборот на директори и Бренда Ли Пирсон од САД и Билјана Шеновска од Аеродром како неизвршни членови. Покрај Агушовски, од Надзорниот одбор избришани се Перихан Тафилоска, Јасмина Бурјакоска Јосифовска, Сашко Стојанов, Куштрим Дарлишта и Рабије Умер.

Од самата Топлана Скопје Север преку Македонската берза во март информираа дека нивни нов сопственик е компанијата „Орбита ИНВ ДООЕЛ“. Она што е интересно е дека новиот газда на топланата која снабдува со парно 500 домаќинства и јавни институции во скопски Чаир, Бутел и Топанско Поле, е друштво со ограничена одговорност на едно лице, и е всушност регистрирана за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги.

Топланата Скопје Север се продаваше на јавна берзанска аукција по моделот се или ништо, и за неа се бараа 350 илјади евра од новиот сопственик. Ова следуваше откако Топланата претходно се нудеше за сума од еден милион евра, но тие пари никој не беше подготвен да ги плати, а потоа се бараа и 600 илјади, но и за оваа сума не се најде заинтересиран купувач. 

Орбита ИНВ ДООЕЛ ги платила овие 350 илјади евра за топланата, а треба да влезат во стечајната маса на Топлификација во стечај, и потоа рамномерно ќе им се исплаќаат на доверителите.

Официјалната информација до инвеститорската јавност преку Берзата ја испрати претседателот на Управниот одбор на Топланата Скопје Север, Хусамет Агушовски, кој соопшти дека „кај Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје е направена промена во сопственичката структура во капиталот на друштвото, односно друштвото за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги Орбита ИНВ ДООЕЛ, на 26 февруари годинава, преку трговска трансакција на Македонската берза се стекна со 77.414 обични акции од издавачот Скопје Север, со што вкупно поседува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото“.

Според податоците на бизнис мрежа, Орбита ИНВ се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти за кого неодамна имаше написи во медиумите дека е контроверзен поради сомнителни јавни набавки во државава и во Албанија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy