Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНА СИЛА ВО „ОТВОРЕН БАЛКАН“: Ќе се олесни ли патот за наоѓање сезонци во туризмот и земјоделството?
Економија

ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНА СИЛА ВО „ОТВОРЕН БАЛКАН“: Ќе се олесни ли патот за наоѓање сезонци во туризмот и земјоделството?

12/03/2024

AA

Фактот дека
работната сила може да се движи во Македонија, Албанија и Србија, земји кои се
дел од иницијативата „Отворен Балкан“, дава надеж дека земјава ќе има бенефит и
ќе се најдат сезонци за повеќе сектори.

Во земјоделскиот
сектор очекуваат дека ќе се олесни патот до наоѓање сезонски работници за берба
на овошје и зеленчук. Ристо
Велков од
Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион раскажува дека во овој дел од државата
има потреба од сезонци.

„Ни треба работна
рака што ја разбира работата. Досега немаше странски сезонци во струмичко, а
ова лето се очекуваат. Сезонците кои досега беа ангажирани беа локални жители“,
рече Велков.

Претходните
години работници од Албанија доаѓаа во Преспа за берба на јаболка.

„Веќе 10-15
години во Преспа доаѓаат берачи од Албанија. Но, и таму има сега недостиг.
Нивните работници сега се во Италија, Швајцарија, Австрија, Грција. По редот
на нештата и во согласност со она што е договорено со „Отворен Балкан“, би
требало да има поголема берза на работна сила, затоа што се останати постари
лица над 50 години кои не можат да го следат темпото на работа во европските земји. Во Македонија, Албанија, Србија имаме постара работна сила, доколку е
квалификувана можеби ќе најде добра можност, а неквалификуваната ќе има
проблем“, вели Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“
од Ресен.

Тој објаснува
дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но според него, ова требаше да почне
пред неколку години и досега ќе имаше позитивни ефекти. Пампулески вели дека работници од Албанија сосе семејствата се иселувале во Грција, за да
работат во земјоделскиот сектор, но како што вели, откако ќе научат јазик,
заминуваат во побогатите европски држави. Тој додава дека за да имаме
долгорочни ефекти, треба целокупно да се подобри земјоделскиот сектор, односно
работата да биде поисплатлива. И тој нагласува дека е потребна работна сила
која добро ја познава работата.

И во туристичкиот
сектор се надеваат дека ќе најдат соодветни работници.

„Што поотворено
подобро за сите. Ние не криеме нешто овде, во однос на скап или евтин работник.
Вредноста на работникот ќе си дојде на виделина. Ако некој е специјалист за
нешто, дали ќе работи во Македонија, Србија, Албанија, ќе мора да биде платен.
За наоѓање на професионалци тоа ќе биде добро и тимот ќе работи подобро со
такви луѓе. Сигурно нема да бараме чистачки да дојдат. Има работници од Индија,
од Непал за тие позиции и од Филипините. Има јазична бариера со овие работници.
Ќе остане да се види, но во секој случај ќе биде подобро од сега“, вели Крсте
Блажески од ХОТАМ.

Повеќе од 700
Македонци изразиле интерес за работа или во Албанија или во Србија, за неполна
недела откако се отвори единствениот пазар на трудот во „Отворен Балкан“.

Откако извадиле
ИД број, на системот на е-услуги во земјата на аплицирање можат да пристапат на
пазарите за труд, и откако ќе ги поминат безбедносните проверки, ќе можат да
бараат фирми за работа, без да вадат работна дозвола.

И во Србија
речиси идентичен е бројот на српски државјани кои аплицирале за работа во
Македонија или Албанија, а веќе има и македонски фирми кои очекуваат да им
бидат одобрени дозволите на работниците од соседството, за да започнат да
работат во земјава. Беше соопштено дека фирми во Куманово и Струга чекаат
работници од соседните Србија, односно Албанија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/iconade3

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy