Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ПРЕСУДИ КОИ СЕ ЗАКАНУВААТ ДА ГО СМЕНАТ ИНТЕРНЕТОТ ОД КОРЕН – во американските судови постапки за одговорноста за содржините на платформите
Економија

ДВЕ ПРЕСУДИ КОИ СЕ ЗАКАНУВААТ ДА ГО СМЕНАТ ИНТЕРНЕТОТ ОД КОРЕН – во американските судови постапки за одговорноста за содржините на платформите

22/02/2023

AA

Во Америка моментално се водат две судски битки кои би можеле драстично да ги променат правилата на интернетот и да го стават под лупа моќниот и закон стар неколку децении. Речиси никој не знае за овие судски битки, а нивниот исход може целосно да го промени интернетот каков што го знаеме.

Тоа е клучното прашање што го поткрепи подемот на големите технолошки компании: Дали компаниите треба да бидат правно одговорни за содржината што корисниците ја објавуваат?

Досега гигантите избегнуваа одговорност, но некои американски законодавци сакаат да го променат тоа.

И двата случаи ги покренаа членови на семејства на жртви на терористички напади кои тврдат дека социјалните мрежи се одговорни за поттикнување насилство преку нивните алгоритми.

Првиот случај, Гонзалес против Гугл, го имаше своето прво сослушување на 21 февруари, каде што Врховниот суд на САД беше прашан дали YouTube, веб-локација за споделување содржини во сопственост на Google, треба да биде одговорна за видеа кои се поврзани со тероризмот на исламската Држава, односно ИСИС.

Вториот случај, кој ќе биде сослушан подоцна оваа недела, ги таргетира Твитер, Фејсбук, како и Гугл со слични наводи.

Тужбите би можеле да бидат најголемиот предизвик досега за членот 230 од Законот за пристојност на комуникациите, закон кој ги штити технолошките компании како YouTube од одговорност за содржината што се споделува и се препорачува на нивните платформи.

Исходот од овој случај би имал далекусежни последици. Имено, доколку се утврди дека YouTube е одговорен за содржината што ја споделуваат нивните корисници, сите платформи, без разлика дали се големи или мали, ќе бидат изложени на тужби поради содржината што ја објавуваат корисниците.

Иако пратениците од двете политички страни се залагаат за реформа на 27-годишниот закон, тврдејќи дека компаниите треба да бидат одговорни за хостирање штетна содржина, некои организации за граѓански слободи, како и технолошки компании предупредуваат дека промените во Одредбатат 230 може неповратно да ја ослабат заштитата на слободата на говорот на Интернет.

Кои се деталите за овие два случаи?

Во случајот Гонзалес против Гугл, семејството на жртва на терористички напад тврди дека Јутјуб го прекршил федералниот антитерористички акт бидејќи неговите алгоритми им препорачуваат видеа на ИСИС на корисниците, помагајќи им да ја шират својата порака.

Нохеми Гонзалес беше американска студентка која беше убиена во напад на ИСИС во 2015 година во Париз, а тужбата на нејзиното семејство го оспорува овој правен имунитет што го уживаат технолошките платформи за содржина од трета страна објавена на нивните сајтови.

Во случајот Твитер против Таменех, членовите на семејството на жртвата на терористичкиот напад во 2017 година, наводно извршен од Исламската држава, ги обвинуваат социјалните мрежи дека се одговорни за порастот на екстремизмот. Во овој случај на мета се Google, Twitter и Facebook.

Што прави одредбата 230?

Воведена во 1996 година, Одредбата 230 ги штити компаниите како YouTube, Twitter и Facebook од законска одговорност за содржината објавена од корисниците. Групата за граѓански слободи посочува дека законот, исто така, обезбедува вредна заштита на слободата на говорот, давајќи им на технолошките платформи право да бидат домаќини на различни информации без непотребна цензура.

Во овој случај, Врховниот суд беше повикан да утврди дали имунитетот предвиден со член 230 се применува и кога платформите не само што хостираат содржини, туку и даваат „таргетирани препораки“ со нивниот алгоритам.

Потиснувањето на алгоритамските препораки би влијаело на речиси секоја социјална мрежа. Повеќето се оддалечија од едноставните хронолошки препораки откако Facebook го лансираше својот News Feed во 2006 година, алгоритамски управувана почетна страница која им препорачува содржина на корисниците врз основа на нивната онлајн активност.

Можеби ова не звучи како страшна работа, но всушност е.

Во зависност од исходот на овие случаи, постои шанса Интернетот да стане „зона на крајности“, тврди еден адвокат.

Или содржината ќе се модерира целосно, каде што ќе се изгуби секаква слобода, или воопшто нема да се модерира, што би создало вистинско „хорор шоу“.

И покрај напорите на пратениците, многу компании, академици и застапници за човекови права го бранеа член 230, тврдејќи дека промените на мерката може да предизвикаат контрапродуктивни ефекти и значително да го променат Интернетот каков што го знаеме.

Извор: Телеграф.рс, Блиц бизнс.рс

Фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

17/08/2026

Цените на горивата од утре повторно растат. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

17/08/2026

Уште еден пациент заразен со вирусот на Западен Нил починал во текот на викендот, со што бројот на смртни случаи

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy