Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ТЕШКИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ: се очекува да се отворат 500 нови работни места
Економија

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ТЕШКИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ: се очекува да се отворат 500 нови работни места

16/11/2024

AA

Две нови инвестиции треба да се реализираат до крајот на месецот. Едната ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе достигнат вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

– Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник – изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

– Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата – рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

– Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме – додаде Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сериозен инцидент во Затворот Штип: Осуденик пријавил сексуален напад од

02/07/2026
Македонија

ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува

02/07/2026
Македонија

Рекордна наплата во Царината: 12,68 милијарди денари во јуни

02/07/2026
Македонија

Муцунски – Варнес: Потврдено силното стратешко партнерство со САД

02/07/2026
Македонија

ЦУК со извештај за последиците од невремето во Скопје: Поплавени

02/07/2026
Македонија

Вчерашното невреме целосно го уништи книжевниот центар Антолог: 27 годишниот

02/07/2026
Македонија

14-годишно момче избодено во Ченто – полицијата трага по напаѓачите

02/07/2026
Македонија

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44115
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сериозен инцидент во Затворот Штип: Осуденик пријавил сексуален напад од друг осуденик

02/07/2026

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на сериозен инцидент пријавен во Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што, според информациите од

ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни

02/07/2026

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен

Рекордна наплата во Царината: 12,68 милијарди денари во јуни

02/07/2026

Царинската управа соопшти дека во јуни е остварена рекордна наплата на приходи од нејзиното основање, што, како што истакнуваат надлежните,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy