Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две години МТЕЛ на македонскиот пазар, две години револуција во дигиталното искуство
Македонија

Две години МТЕЛ на македонскиот пазар, две години револуција во дигиталното искуство

16/11/2023

AA

МТЕЛ, член на групацијата Телеком Србија, одбележува две години од својот официјален влез на македонскиот пазар. Од својот почеток на 16 ноември 2021 година, МТЕЛ постојано обезбедува уникатно дигитално искуство за своите корисници во областа на телекомуникациите.

На почетокот, МТЕЛ го отвори својот прв продажен салон и брзо постигна успех на македонскиот пазар со понуда на атрактивни пакети за сателитската телевизија mSAT TV. Една година подоцна, МТЕЛ направи значителен чекор станувајќи трет мобилен оператор во Македонија, нудејќи разновидна палета на припејд и постпејд пакети, прецизно приспособени да ги задоволат желбите и потребите на македонските корисници.

Посветеноста на МТЕЛ за иновации продолжи со лансирањето на MOVE TV, револуционерната стриминг-платформа на Телеком Србија. Имено, промоцијата на платформата започна во Македонија, со планови за проширување на нејзината достапност и на други пазари каде што групацијата Телеком Србија има деловно присуство.

За досегашните резултати и успеси на компанијата, генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ, изрази гордост и задоволство.

„Задоволни сме од нашите достигнувања на македонскиот пазар. МТЕЛ има за цел да им обезбеди на корисниците навистина препознатливо искуство, особено во доменот на висококвалитетна дигитална содржина, што нè издвојува од конкуренцијата. Особено сме задоволни од резултатите со нашиот последен производ, стриминг-платформата MOVE TV. Благодарение на врвната содржина на платформата, револуционерните функционалности и атрактивните пакети, само две недели по лансирањето имаме близу 500 корисници. Вкупно, до овој момент може да се пофалиме со повеќе од 36 илјади активни корисници, од кои 20 илјади се во делот на мобилната телефонија“, вели генералниот директор Лопичиќ.

Гледајќи напред, МТЕЛ, како дел од групацијата Телеком Србија, има амбициозни планови за македонскиот пазар, вклучувајќи воведување иновативни услуги и дигитални решенија, нови инвестиции во вкупна вредност од 50 милиони евра и значително проширување на тимот.

„Уверени сме дека придржувајќи се до нашите стратешки деловни планови и обезбедувајќи висококвалитетни услуги, ќе ја реализираме нашата првична цел – да станеме водечки телекомуникациски оператор во Македонија“,  вели генералниот директор Лопичиќ.

Покрај одличната понуда на услуги со врвен квалитет, со динамичен тим составен од искусни професионалци и амбициозни млади таленти, МТЕЛ најде победничка формула за постигнување одлични деловни резултати, континуиран раст и проширена база на корисници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026
Македонија

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат

10/09/2026
Македонија

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар

10/09/2026
Македонија

УХМР најавува дожд, грмежи и заладување: Викендов температурите ќе паднат

10/09/2026
Македонија

Од 14 септември блокада на границите: Камионџиите од Западен Балкан

10/09/2026
Македонија

Македонски државјанин уапсен во Загреб под сомнение за сексуално злоставување

10/09/2026
Македонија

Прв случај во Свети Николе: Бројот на заболени од западно-нилска

10/09/2026
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45603
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026

12-годишно дете било физички нападнато пред куќа во Гостивар, а за случајот полицијата поднела кривична пријава против 47-годишен гостиварец. Надворешната

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат уште поголеми придобивки за граѓаните

10/09/2026

Дебатата за економскиот раст и државниот стандард доби нови обвинувања и аргументи, откако премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање пред

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар третман на зависностите

10/09/2026

Промени во пристапот кон борбата против недозволената трговија со дрога и поголема координација меѓу институциите биле во фокусот на денешната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy