Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново
Магазин

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

02/11/2024

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничените, соопшти вечерва Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син,  поради нерасчистени должничко доверителски односи, односно поради долг од 7.000 евра, кој сега починатиот го имал кон покојниот татко на осомничените.

– Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата осомничени со автомобил веднаш го напуштиле местото. Подоцна постариот брат е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот се трага, стои во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за двајцата достави предлог за определување мерка притвор, со тоа што за лицето во бегство таа ќе се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.  До Судот е доставено и барање за издавање наредба за приведување на осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy