Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Зошто молчи обвинителството за скандалот со дивоградбите во Чаир?
Македонија

ДУИ: Зошто молчи обвинителството за скандалот со дивоградбите во Чаир?

12/09/2025

AA

„Обвинителството молчи, но народот нема да молчи“ порача денес Демократската унија за интеграција на прес-конференцијата пред Јавното обвинителство во Скопје, предводена од Бесарта Алија.

ДУИ ја потсети јавноста дека поминаа месеци откако градоначалничката на Скопје поднесе кривични пријави против, како што ги нарекуваат, „најкорумпираната двојка во државата“: Изет Меџити и Висар Ганиу. Се работи за стотици дивоградби, фалсификувана документација и манипулации со комуналии, но и покрај илјадниците докази Обвинителството сè уште не презело ниту еден конкретен чекор.

„Кој ја наредил тишината на Обвинителството? Зошто се одложува правдата?“ праша Алија, додавајќи дека во јавноста постои сериозно сомневање за политички пазари:

„Дали Изет Меџити е заложник на Христијан Мицкоски? Дали досието за неговиот криминал е средство за уцена, додека Меџити за возврат молчи пред проектот за ‘Српскиот свет’?“.

ДУИ оцени дека станува збор за „двојно предавство, предавство кон законот и предавство кон Албанците“.

„Албанците не заслужуваат лидер кој ќе го продава нивниот глас за да си ја спаси сопствената кожа од кривични пријави“ изјави Алија.

ДУИ упати и остро предупредување:

„На 19 октомври, денот на референдумот на Албанците, народот на Чаир ќе пресуди. Правдата може да молчи денес, но тогаш ќе зборува гласно. А зборот на народот е посилен од секоја уцена, досие или таен договор“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy