
ДУИ за инцидентите во М-НАВ: Никој не е над законот, ние сме за владеење на правото
„Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“, велат од ДУИ по последните случувања во М-НАВ.
Во испратеното соопштение од медиумите додаваат:
Демократската унија за интеграција силно ја осудува секоја форма на насилство
Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас.
Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.
Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.
Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.
Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.
Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.
