Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие! Од потпретседател на Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски!
Македонија

ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие! Од потпретседател на Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски!

15/09/2025

AA

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата.

„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не презеде мерки, не понуди решение. За него, поважно беше да се појави на партиски активности, како ништо да не се случило.

Парадоксално е што токму Министерството што тој го води е тоа што издава дозволи и има обврска да ги контролира ваквите објекти. Но, Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници во ДУИ.

Наместо да измислуваат внатрешни и надворешни непријатели, оваа Влада и Меџити треба да се соочат со својата одговорност, да ги расчистат случаите на палење пожари и да ја лоцираат одговорноста таму каде што навистина припаѓа – дури и ако тоа е нивната неспособност. Клеветите и неоснованите обвинувања нема да ги спасат од неуспехот.

Ова не е прв пат. Две децении во Чаир тој остави зад себе урбан хаос, загадување и негрижа, се сеќаваше на граѓаните само пред избори. Денес, истиот модел на неодговорност се повторува на државно ниво.

Јавно прашуваме: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, Штип и во други градови низ државата? Зарем и таму виновна е ДУИ? Или тоа е едноставно стилот на Меџити – да бега од одговорност и да мисли само на својот личен интерес?

Граѓаните разбираат. На 19 октомври, Чаир и целата држава ќе стават крај на политиката на неодговорност, негрижа и егоизам, затоа што дојде време за лидерство што го штити здравјето и достоинството на луѓето“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy