Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Скопје гори, Изет се чешла!
Македонија

ДУИ: Скопје гори, Изет се чешла!

14/09/2025

AA

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска упати жестоки обвинувања кон првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, сметајќи го за директно одговорен за „еколошката катастрофа“ што го зафати Скопје по пожарот во фабриката за рециклирање во Трубарево.

Од опозициската партија го обвинуваат Меџити дека наместо да се занимава со заштита на јавното здравје, тој се појавува на партиски активности и води изборна кампања, додека главниот град е „обвиен со токсични облаци“.

„Парадоксално е тоа што токму Министерството за животна средина, предводено од Меџити, е институцијата што издава дозволи за работа на вакви објекти и има обврска да врши контрола врз нив. Вчера, Изет ги затвори очите пред сопствената одговорност и, како и секогаш, се обиде да најде дежурен виновник во ДУИ“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Според нив, ова е дел од воспоставена шема на однесување на Меџити, кој, како што велат, и во минатото секогаш се обидувал вината да им ја префрли на другите, како за „урбаниот хаос што го создаде во Чаир“, така и за други неуспеси.

Од ДУИ, исто така, со иронија го прашуваат министерот кој е виновен за неодамнешните пожари во Битола, Кавадарци, Штип и други градови.
„Јавно го прашуваме уште еднаш г. Меџити: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, во Штип и во другите градови на источна и југоисточна Македонија? Дали и таму виновна е ДУИ?“, стои во соопштението на партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy