Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ ја крие одговорноста зад етничкиот чадор – одговорноста е за криминал, не за етничка припадност, порача ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

ДУИ ја крие одговорноста зад етничкиот чадор – одговорноста е за криминал, не за етничка припадност, порача ВМРО-ДПМНЕ

12/04/2025

AA

Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата која речиси две децении беше дел од власта, се обидува да го избегне соочувањето со правдата преку етничка реторика, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по најновото соопштение на ДУИ во кое се обвинува дека постои еднострана и неправедна истрага насочена кон Албанците во институциите.

„ДУИ повторно се обидува да го прикрие криминалот зад етничкиот чадор. Нема истраги против Албанците – има истраги против поединци за кои постојат сериозни сомнежи за злоупотреба на службена положба. Ова не е етничко прашање, туку борба за правда и отчетност,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека никој не смее да биде недопирлив, без разлика на националноста или политичката функција што ја вршел.

„ДУИ сака да создаде конфликт таму каде што постои само примена на законот. Но, времето на селективна правда и политички заштитени функционери е завршено. Во држава што гради европска иднина, не може криминалот да се претставува како напад врз цела етничка заедница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека институциите мора да функционираат без политички притисоци и дека борбата против криминалот и корупцијата останува еден од врвните приоритети на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жештините продолжуваат: Метеоаларм за цела Македонија

03/09/2026
Македонија

Транспортерите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите со ЕУ

03/09/2026
Македонија

ДЗР алармира: Фотоволтаични централи се одобрувале без соодветно планирање

03/09/2026
Македонија

МВР со детали за полициската акција: Кривична пријава за шест

03/09/2026
Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал

03/09/2026
Македонија

Михаилов тврди: „Немаат аргументи против Ива, па почнаа да се занимаваат

03/09/2026
Македонија

Трагична сообраќајна несреќа кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се

03/09/2026
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45419
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жештините продолжуваат: Метеоаларм за цела Македонија

03/09/2026

Високите температури и понатаму го зафаќаат целото подрачје на земјава, поради што за денеска, 3 септември, е активиран жолт метеоаларм.

Транспортерите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите со ЕУ

03/09/2026

Незадоволството на професионалните возачи од Западен Балкан поради ограничувањето на престојот во Шенген-зоната се продлабочува, а транспортниот сектор најавува протест

ДЗР алармира: Фотоволтаични централи се одобрувале без соодветно планирање

03/09/2026

Соларната експанзија во Македонија се одвивала без доволно контрола и јасно планирање, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy