Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра
Економија

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

07/05/2024

AA

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од лани ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година оствари добивка од речиси 100 милиони евра.

Ова е рекордна добивка на ова државно претпријатие, а најверојатно ќе биде најголема за 2023 во однос на сите останати производни друштва, банки и компании за услуги во земјата. ЈПДП во 2023 има приходи од точно 12.844.555.965 денари, или поточно 210 милиони евра. Од овие собрани средства, речиси половина останале како профит – 5.906.427.172 денари, или околу 96 милиони евра.

Добивката на „Државни патишта“ е за 40 милиони евра поголема од 2022, кога таа изнесуваше 56 милиони. Во 2021 таа изнесувала околу 24 милиони евра. За 2020 пак претпријатието оствари огромна добивка од околу 76 милиони евра. Од јавното претпријатие досега немало јавен отчет зошто акумулира вака големи добивки и како ги распоредува.

Добриот резултат во билансот се почувстувал и во нето платите. На крајот на 2023 за 362 вработени имало 46.000 денари просечна нето плата, која била зголемена за 6.000 денари за една година. За две години таа е зголемена за 9.000 денари.

Друштвото кое остварува приходи генерално од патарини, акцизи на гориво, провизии од регистрации и евентуално државни субвенции, најголемиот дел од трошоците го насочува за враќање на ратите и каматите од кредитите од меѓународните кредитни институции кои ја финансираат изградбата на македонските патишта. Во делокругот на работата е и изградбата, реконструкција и рехабилитирање на магистралните и регионални патишта, а дел од приходите се наменети за нивно одржување преку исплата на јавното претпријатие порано познато како „Македонија пат“.

Инаку ЈПДП со своите приходи и евентуална добивка не ја покрива работата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, чии првично проценети трошоци ќе изнесуваат 1,3 милијарди евра, туку парите се директно обезбедувани од националниот буџет.

Лани единствено странскиот инвеститор од Бунарџик, „Џонсон Мети“ (72,7 милиони евра), оствари поголема добивка од ЈПДП за 2022. 

За 2023, единствено познат приход, според она што го кажа директорот Ејуп Рустеми во јавноста, е дека се собрани рекордни над 62 милиони евра од наплата на патарина.

За истакнување е и тоа што рапидно се зголемиле краткорочните обврски за враќање на основиците и каматите од меѓународните кредити. За кратко време „Државни патишта“ треба да врати 10 милијарди денари, односно повеќе од 160 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација

18/02/2026
Македонија

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање

18/02/2026
Македонија

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со

18/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ Терапија

18/02/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар избувна попладнево кај Усје

18/02/2026
Македонија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени

18/02/2026
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација од милион евра за македонската

18/02/2026

Министерството за внатрешни работи доби донација од околу еден милион евра од Амбасадата на САД, наменета за Единицата за откривање

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026

Собранието денеска избра нов судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, откако со 63 гласа „за“, седум „против“ и без

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња

18/02/2026

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy