Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државниот врв присуствува на седница на Анкетната комисија за трагедијата во дискотеката „Пулс“
Македонија

Државниот врв присуствува на седница на Анкетната комисија за трагедијата во дискотеката „Пулс“

09/12/2025

AA

Денеска во Собранието се одржува седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која присуствуваат претседателката на државата, претседателот на Собранието и премиерот. Тема на расправата е претставка поднесена од родителите на младите лица кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Премиерот Христијан Мицкоски ја откажа закажаната посета на градежните работи на мултифункционалниот центар во Ново Лисиче и присуствува на седницата, по повиците од пратеничката група „Левица“, чиј претседател Димитар Апасиев раководи со комисијата.

Од „Левица“ порачаа дека присуството на пратениците од владејачкото мнозинство е клучно за одржување на седницата и извршување на надзорната функција на Собранието. Тие потсетуваат дека девет месеци по трагедијата институциите не презеле суштински мерки и нагласуваат дека државата должи минимум сериозност и политичка зрелост кон семејствата на загинатите.

Семејствата на жртвите инсистираат на целосно присуство на пратениците и на релевантните институции, предупредувајќи дека нема простор за пролонгирања.

Опозицијата, пак, изрази загриженост дека седницата може да пропадне поради можен недостаток на кворум.

Претседателот на Собранието предложи можност за одложување поради расправата за буџетот, но „Левица“ одлучи седницата да се одржи според првично закажаниот датум и време.

Паралелно, Собранието веќе формираше посебна анкетна комисија која ги разгледува поголемите трагедии во земјата, вклучително и пожарот во дискотеката „Пулс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy