
Драматично во светиниколско Немањици, горат куќи – на терен и хеликоптер
Шумски пожар попладнево изби меѓу селата Орел и Немањици. Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов зафатени се и куќи. На терен се пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух со хеликоптер.