Драговиќ го напушти кампот на Ц. Звезда во Анталија и замина на потпис во Сампдорија
Драговиќ од поодамна е желба на Дејан Станковиќ, кој е тренер на Сампдорија да дојде во Џенова и да ја засили одбраната, но Ц. Звезда одбиваше да го продаде поради слабата финансиска понуда, но очигледно на крај белграѓани попуштија во обидот да останат без својот стандарден стопер, иако желба им беше да го имаат и пролетва за да ја освојат титулата која носи потоа директно во Лигата на шамппионите.
Тој на социјалните мрежи објави стори како го чека летот на аеродром за да замине кон Италија.
Австриецот е една од двете големи желби на Становиќ, која ќе се реализира, а втората е македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски, за кого сампдорија преговара со Удинезе, но има сериозен ривал во Реџина, вторлигашот со високи амбиции во идната сезона да игра во Серија А и е предводена од легендарниот Филипо „Пипо“ Инѕаги.
Сампдорија е претпоследна со девет бода на контото и ја чека многу тешка задача за да избори опстанок, зашто најблискиот ривал е веќе на сериозна дистанца од осум бода од првиот над црвената зона Сасуоло.