Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија
Економија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

21/05/2024

AA

Доне Таневски, поранешниот долгогодишен директор и сегашен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ е купувачот на двата пакети акции кои во текот на минатата недела поминаа преку блок трансакции на Македонската берза, а за тоа компанијата тукушто ја извести инвеститорската јавност. 

Поточно, Таневски кој досега располагаше со 19.59 отсто од капиталот на „Македонијатурист“ со новокупените акции го засилил својот капитал во ова АД на 21,50 отсто. 

„Известуваме дека Доне Таневски, Претседател на Надзорен Одбор на Македонијатурист АД
Скопје, се стекна со 8.667 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје и сега
поседува 97.249 обични акции, односно 21,50 отсто“, стои во објавата на Македонска берза. 

Инаку, Фактор веќе пишуваше за овие две трансакции, кога минатата недела Берзата објави два блока со акции на „Македонијатурист“. Едната од нив беше на сума од 716 илјади евра, а втората на износ од рамно на 150 илјади евра.

Со оглед на фактот што ова акционерско друштво има издадено вкупно 452.247 акции, поминатиот прв блок од 7.167 акциои претставува 1,58 отсто од вкупниот акционерски пакет на хотелиерската компанија. Додека, пак, вториот блок е многу помал акционерски процент.

Во согласност со овие проценти, излегува дека токму тие се овие акционерски пакети, за коишто компанијата преку берзата објави дека ги купил Таневски. 

Инаку, компанијата денеска објави дека почнува со поделба на дивиденда. 

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44952
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно знаме и химната „Денес над

11/08/2026

На 11 август 1992 година, со одлука на Собранието на Република Македонија, беа донесени два клучни државни симболи на независната

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy