Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ – но, прашањето е како ќе заврши годината
Економија

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ – но, прашањето е како ќе заврши годината

10/04/2025

AA

Некои тоа не можат да го постигнат ни за цела година, но на некои им успева и за три месеци. Секогаш добростоечката компанија која се занимава со производство и продажба на раноградинарски производи, но и на тули, „Оранжерии Хамзали“, го објави својот финансиски извештај, кој говори дека за само првите три месеци од годинава таа остварила чист профит од 781 илјади евра. Или, близу милион евра за само еден квартал.

Еве како тоа го објаснила компанијата.

„Во Билансот на успех забележуваме мало зголемување на приходите во однос на истиот период од минатата година. Тоа е резултат на зголемување на продажните цени на дел од нашите производи. Кај расходите исто забележуваме мало зголемување како резултат на трошоците за вработени по основ на исплатени плати и нивниот зголемен број. Сепак и на двете ставки не бележиме драстични отстапувања“, навеле кусо од компанијата во објаснувањето проследено заедно со нивните финансиски извештаи.

А, да видиме што покажува самиот Билансот на успех.

Во првите три месеци од годинава остварени се опаретивни приходи, кои се должат целосно на приходите од продажба, на сума од 2,13 милиони евра. Тоа е раст во однос на истиот период од претходната година за скромни 2 проценти, токму како што говорат од компанијата, дека нема спектакуларни резултати. 

Речиси сите домати, пиперки, краставици и други зеленчуци, се продале на домашниот пазар, и од него е инкасирана сума од рамно 2 милиони евра, што е исто така раст за 2 проценти. 

Приходите од продажби на странски пазари досега не играле некоја битна улога во приходната страна на оваа компанија, па биле и повеќе од незначителни и во првиот квартал, изнесувајќи 27 илјади евра, но сепак е импресивен нивниот раст за 48 проценти.

Добивките на оваа компанија ги прави фактот што успева расходите да ги држи речиси двојно помали од приходите. Во првиот квартал од годинава тие изнесувале 1,04 милиони евра, и притоа не само што се драстично пониски од приходите, туку има и намалување од дури 24 отсто во однос на истиот период од претходната година. 

Најголем трошок од 317 илјади евра се трошоците за суровини и други материјали, кои се намалени за 10 проценти, потоа останатите расходи се на сума од 300 илјади евра, и кај нив намалувањето е за 21 процент. 

Намалување има и кај трошоците за вработените, кои изнесувале 279 илјади евра, и каде падот е за дури 26 проценти. Затоа е малку нејасно зошто во образложението е наведено дека се зголемени трошоците за вработените, кога реално тие бележат пад, а тоа секако не е нешто што е за поздравување во било која компанија, иако би требало да значи дека секој намален трошок е „плус“ за менаџментот.

Набавната вредност на трговските стоки од 141 илјади евра е мал трошок во однос на неговото учество во вкупните, но таму има значајно зголемување од 49 проценти.

Се на се, ваквото спротивставување на приходите и расходите донело оперативна добивка од 984 илјади евра за првите три месеци од 2025 година. Она што потоа негативно влијаело на крајниот финансиски резултат е фактот што компанијата немала никакви финансиски приходи, додека, пак, финансиските расходи, кои се должат главно на платени камати по обврски, изнесувале 116 илјади евра, што е раст за 26 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Ова го искристализирало крајниот резултат, добивката пред оданочување од 868 илјади евра, која после плаќањето на данокот довела до чист профит од 781 илјади евра.

Но, она што би требало да се наведе за компанијата е дека таа, иако првите девет месеци од ланската година ги завршила со одличен профит од дури три милиони евра, на крајот на годината 2024 покажува многу послаб краен финансиски резултат, од само 500 илјади евра. Како дошло до толку значајно намалување, нема прецизно објаснување. 

Од компанијата тогаш го дале следниов коментар на финансискиот резултат.

„Во споредба со 2023 година кај приходите не бележиме некој позначителен пораст од причина што не ги зголемивме продажните цени на нашите производи. Кај кредитните обврски имаме мал процент на  зголемување.  Во тековната 2024 година имаме откуп на хартии од вредност како и вложувања во нова опрема и инсталација во својата подружница Нова Слога 2007 – Ресен. Нашите финансиски очекувања за 2025 година се со позитивен индикатор од причина што имаме зголемен капацитет на производство во линијата за производство на тули, а воедно очекуваме поголем принос и реални цени на пазарот кај раноградинарските производи“, се вели во објаснувањето кое тогаш го дале од компанијата.

Оранжерии Хамзали неодамна ја сподели и информацијата дека управителот Васе Митев го зголемил својот акционерски капитал до 91,1 отстово Оранжерии Хамзали, додека самата компанија има сопствени акции од 4,6 проценти. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy