Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМ: Мицкоски во работно време си ја креира коалицијата, а Скопје се гуши!
Македонија

ДОМ: Мицкоски во работно време си ја креира коалицијата, а Скопје се гуши!

12/09/2025

AA

Зелената партија ДОМ го осудува срамното однесување на премиерот Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери кои во работните часови (08:00–16:00) ja формализираа нивната коалиција „Твоја Македонија“.

„ДОМ реагира гласно и јасно: додека граѓаните дишат канцерогени честички од пожарите во „Дрисла“ и „Вардариште“, власта ги тера своите министри да потпишуваат предизборни договори наместо планови за чист воздух и живот без отров.

Ова е дрско непочитување на владеењето на правото и суштински удар врз демократските принципи. Нема ниту еден пратеник, ниту еден член на Владата, кој денеска ја напушти својата канцеларија за да се соочи со хаосот во нашиот главен град. Наместо системски мерки за итна санација на депонии и решавање на отпадниот кризен менаџмент, Мицкоски избра да игра партиска политика за сметка на животната средина и во работно време организира партиски „забави“.

Не смее да се дозволи ова лицемерие да помине неказнето. Коалицијата „Твоја Македонија“, составена од министри и функционери, е симбол на расипничка власт – власт што ги става личните и партиските интереси пред здравјето на граѓаните. Токму овој еколошки пораз укажува дека не сме на вистинскиот пат.

„Коалицијата за зелена иднина“ ги нуди вистинските решенија: итен мораториум на дивите депонии, национален план за управување со отпад и санација на клучните еколошки жаришта, воведување циркуларна зелена економија и модерни мерни станици за квалитет на воздухот. Наместо празна коалициска декларација, ние нудиме конкретни акции за да ја спасиме Македонија од еколошки колапс.

На претстојните локални избори, граѓаните заслужуваат реален избор – локални лидери кои ќе работат во служба на јавниот интерес, а не во партиски штабови. „Коалицијата за зелена иднина“ е единствената опција за чист воздух, животна средина со нула отпад и вистински демократски развој. Јасно е: или продолжуваме да молчиме додека вдишуваме отрови, или градиме зелена и одговорна Македонија“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy