Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија
Економија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

25/11/2024

AA

Косовскиот снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар „Футуре Енерџи Трејдинг“ е пред суспензија. Ваква одлука за опомена во петокот донел националниот оператор на пазарот МЕМО.

„Футуре Енерџи Трејдинг“ е една од компаниите кои влечеа струја од системот на МЕПСО за време на енергетската криза и потоа му останаа должни на националниот оператор кој го организира преносот на електрична енергија во земјата.

Опомената е поднесена на барање на МЕПСО, а причината е „нерегулирана балансна одговорност“. Косовска компанија има само неколку дена рок да го испочитува договорот со МЕСПО, во кој има и анекс од декември 2022 кога на приватните фирми должници им беше одобрена можност да го плаќаат долгот на рати.

„ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС без регулирана балансна одговорност го губи правото за учество на Пазарот на електрична енергија согласно член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија.

Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.11.2024 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС да ја регулира балансна одговорност во спротивно на ден 29.11.2024 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС“, гласи решението за опомена пред суспензија на МЕМО.

Инаку и самиот државен ревизор лани констатираше дека снабдувачи недозволеното презеле
електрична енергија од електропреносниот систем, а АД
МЕПСО во меѓувреме потпишал договори за репрограмирање на нивните доспеани, а
ненаплатените долгови.
Во декември 2022 година, побарувањата по основ на склучени договори за
репрограмирање за повлечена електрична енергија од електропреносниот систем
изнесуваа 883.802 илјади денари или над 14 милиони евра, при што во ревизорскиот
извештај се укажува дека постои ризик и неизвесност од нивна наплата. Последната информација лани беше дека снабдувачите по две години платиле само 30 отсто од долгот. За актуелната власт, а тогашна опозиција, овој долг практично веќе е отпишан и Обвинителството треба да се позанимава со случајот.

„Футуре Енерџи Трејдинг“ во последните две години оствари солидна добивка. Во 2022 на продадена струја од 24 милиони евра, заработи повеќе од 900.000 евра, а во 2023 на приходи од 11,5 милиони евра, има добивка од 650.000 евра.

Оваа компанија на МЕПСО, според објавените должнички фактури за 2021, на националниот оператор на системот за пренос на електрична енергија му била еден од најголемите должници со 298.624.967 денари, односно безмалку 5 милиони евра. Компанијата со седиште во Тетово и во 2022 направила огромни негативни отстапувања со 19.636 мегаватчасови преземени од МЕПСО.

МЕМО летоска веќе суспендира и му забрани да продава струја на Мист Енерџи (сега Блесм Поуер Плус), уште еден голем неплаќач и должник на МЕПСО.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да

07/06/2026
Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
Македонија

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

07/06/2026
Македонија

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените

07/06/2026
Македонија

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец

06/06/2026
Македонија

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да важи на MTAG лентите

07/06/2026

Возачите кои користат електронска картичка MCard треба да се подготват за промени при плаќањето на патарините. Јавното претпријатие за државни

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и линијата од Катовице

07/06/2026

Со слетувањето на првиот авион од полскиот град Вроцлав на охридскиот аеродром денеска официјално беше воспоставена нова авиолинија меѓу Охрид

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy