Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра
Економија

ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра

17/07/2024

AA

Ринуабл Пауер Интернатионал, несудениот бугарски стратешки инвеститор во Македонија, му останал должен 31.427.865 евра на националниот оператор за пренос на електрична енергија МЕПСО. Со други зборови, операторот му овозможил огромен простор за меневрирање со скапа услуга на компанијата со сомнителни интереси во Македонија, а за возврат не ги добил парите од договорот. Интересно е тоа што овој годишен договор за прв пат им бил доделен на Бугарите.

Бугарскката компанија се обврзала кај МЕПСО дека ќе ја плаќа годишната аукција за прекугранични преносни капацитети на македонско-бугарската граница за 2023, но ја платила само првата рата за јануари во висина од 3.016.176 евра. Останатите 11 рати не се платени, а според она што го тврди МЕПСО, фактурите престанале да им се испраќаат лани во јули, а капацитетот бил понуден на месечна, наместо годишна аукција, но без да се знае каков бил исходот.

„Во текот на 2023 АД МЕПСО се соочи со проблем при исполнување на обврските од договорот за прекугранични преносни капацитети на МК-БГ граница со една од компаниите која имаше добиено право на користење на годишен прекуграничен капацитет. Компанијата „Ринуабл Пауер Интернатионал Дооел Скопје“ на годишната аукција за 2023 доби право на користење на поголемиот дел од понудениот годишен капацитет. Согласно правилата, годишната аукција се спроведува еднаш, а фактурирањето за право на користење на капацитет е поделено на 12 месечни рати и се фактурира 2 месеци однапред.„Ринуабл Пауер Интернатионал“ ја плати првата рата, односно фактурата за месец јануари, со што и беше доделено да го користи правото на прекуграничен капацитет, додека пак фактурите за понатамошните месеци престана да ги плаќа“, информира МЕПСО, при тоа напоменувајќи дека во меѓувреме бил раскинат договорот.

Од извештајот на МЕПСО за работењето во 2023 може да се види дека капацитетите на бугарската и на српската граница биле закупени со помал капацитет и од други снабдувачи/трговци на годишно, месечно и дневно ниво, но тие, иако станува збор за помали суми, редовно плаќале и не оставале никакви долгови.

Од операторот, на нашето упатено прашање за тоа како ќе се расчистува спорот и дали имало досега некаква наплата, велат дека процесот се води со арбитража преку Стопанската комора на РСМ.

„Наводите што се содржани во Годишниот Извештај за работењето на АД МЕПСО за 2023 година, се точни. АД МЕПСО постапувајќи согласно одредбите од Договорот за закуп на прекугранични преносни капацитети на Македонско-Бугарската граница склучен со РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, во согласност со своите законски обврски и овластувања има превземено дејствија во насока на заштита на интересите на АД МЕПСО, односно го раскина Договорот и иницираше арбитражна постапка пред арбитражниот суд при Стопанска Комора на РСМ. Постапката пред арбитражниот суд при Стопански Комора на РСМ е во тек а Советот на арбитри утврдил роковник на постапување. Согласно добиените информации од овластениот полномошник на АД МЕПСО се очекува позитивен исход од овој спор“, гласи одговорот кој го добивме од акционерското друштво.

„Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје е компанија која беше прогласена од претходната власт меѓу првите потенцијални стратешки инвеститори во земјата. На крајот на декември 2021 беше донесена владина одлука да му се даде статус на стратешки инвеститор по објавен повик од јануари истата година со проектот „Грид-тиед солар плант“. Требаше да изгради соларната електрана со силина од 85 мегавати и вредна 63 милиони евра во атарот на Долни Балван во Општина Карбинци. 

Сопственик на фирмата „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје” е Павел Валнев– сомнителен политичар од Бугарија.  Од Владата која донесе одлука да го избере Ринуабл односно Валнев за стратешки инвеститор во меѓувреме во одговор за медиумите тогаш нагласија дека станува збор за американски инвеститор.

-Ринуабл Пауер Интернатионал е компанија во сопственост на г-дин. Павел Бисеров Валнев, кој е сопственик на американската компанија AmeriFreight Systems,која се занимава со транспорт и логистика од 2006 година, во своето портфолио има искуство во нафтениот бизнис кој е дел енергетскиот сектор, а компанијата соработува со клиенти како што се Samsung, Panasonic, Vizio, Apple, Playstation и др., пишува во коментарот што го даде тогашната влада.

Оваа фирма лани имала приходи од нешто повеќе од 1,5 милиони евра, без остварена добивка, и само еден вработен. Поголемиот дел од заработеното е од снабдување на електрична енергија преку тендери.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
Македонија

ВЕШТАКОТ НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ВО „ПУЛС“ НЕМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА, ТУКУ

14/10/2026
Македонија

ЖЕНА ОД РОСОМАН ПОЧИНА ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА Од 25 септември

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ВО КРАТОВО Со службениот пиштол стрелал

14/10/2026
Македонија

ОДБРАНАТА НА АРТАН ГРУБИ СЕ ОГРАДИ ОД СИНОЌЕШНИОТ СОБИР „Не

14/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 2 ТОНА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА НА ПАЗАРОТ ВО ЧЕНТО Се

14/10/2026
Македонија

140 ПРИЈАВИ ЗА НЕЗАКОНСКА СЕЧА, ЗАПЛЕНЕТИ НАД 500 КУБИЦИ ДРВА

14/10/2026
Македонија

МИХАИЛОВА ИЗБЕГА ПОРАДИ ТОА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДАТ ЛЕКАРИ ОД

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46160
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот vakcinacija.mk 

14/10/2026

Заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип, на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu, соопшти Министерството

ВЕШТАКОТ НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ВО „ПУЛС“ НЕМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА, ТУКУ ЗАНАЕТЧИСКИ ЗАФАТ Обвинителството се сомнева

14/10/2026

Вештакот Петре Русески, на денешното рочиште за „Пулс“ рече дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту

ЖЕНА ОД РОСОМАН ПОЧИНА ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА Од 25 септември нема нови заболени од овој

14/10/2026

На Инфективната клиника почина 66-годишна пациентка од Росоман, кај која лабораториски беше потврден тежок облик на западно-нилска треска со засегање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy