Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Документарен филм ќе ја раскаже трагедијата во „Пулс“ – иницијативата „Супорт Кочани“ со повик до граѓаните за видеа и слики
Македонија

Документарен филм ќе ја раскаже трагедијата во „Пулс“ – иницијативата „Супорт Кочани“ со повик до граѓаните за видеа и слики

30/04/2025

AA

Документарен филм посветен на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани наскоро ќе почне да се снима, соопштуваат од онлајн иницијативата „Супорт Кочани“, која обезбедува поддршка за настраданите и нивните семејства.

Тие објавија информација во која ги повикуваат сите оние кои имаат фотографии или видеа од кобната ноќ во дискотеката да ги достават до „Супорт Кочани“.

„Ве повикуваме! Секој што има слики или видеа од „Пулс“ од кобната вечер да ни испрати на „Супорт Кочани“ во инбокс. Се работи на документарец и потребен е материјал за истиот. Сликите и видеата потребни му се на режисерот за да може да си ја претстави целата ситуација“, информираат од иницијативата.

„Супорт Кочани“ во изминатиот месец прерасна во глас на повредените и нивните семејства, кои повикуваат на донации кои ќе бидат потребни за да се покријат неопходните потребни на повредените во процесот на нивното лекување.

Минатата недела се одржа и аукција на уметнички дела, донирани од македонски уметници, а собраните средства ќе бидат наменети за оние настрадаа во страшната трагедија, во која почина 62 лица, а над 200 лица се лекуваа, дел од нив на клиниките во државата, а дел беа испратени во болниците во странство.

„Тимот на „Супорт Кочани“ периодот е сконцентриран околу собирање на потребни апарати и лекови/креми за нашите сограѓани да добијат професионално лекување. Нашата цел останува да ги вратиме сите преживеани и да им помогнеме во лекувањето до крај. Ќе прави притисок на секоја институција доколку не си ја врши професионално работата“, информираат од „Супорт Кочани“.

Како што најавија денес ќе биде донесен и првиот апарат кој ќе им биде од помош за повредени со цел нивно брзо закрепнување. Повеќе детали најавија за денес.

„Супорт Кочани“ најави дека откако сите повредени ќе се вратат од нивното лекување, нивната мисија и цел ќе се прошири.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бил под дрога и свртил на дупла полна линија, приведен

30/05/2026
Македонија

Злато за Македонија во Монако: Андреас Трајковски е европски шампион

30/05/2026
Македонија

Документарецот за Слаткаристика предизвика дебати, Министерството појаснува дека филмот е

30/05/2026
Македонија

ФОТО Магична ноќ над Битола – полната месечина го осветли

30/05/2026
Македонија

Љутков: Јубилејот на Македонците во Војводина е потврда за силното

30/05/2026
Македонија

Обезбедени 93 милиони денари, нови проекти на режисерите на „Медена

30/05/2026
Македонија

Петровска за семејното насилство во Центар: Најопасната реченица е „не

30/05/2026
Македонија

Трифун Костовски најави формирање партија: Чувствувам вина за состојбите во

30/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43551
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бил под дрога и свртил на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа

30/05/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано

Злато за Македонија во Монако: Андреас Трајковски е европски шампион меѓу малите земји!

30/05/2026

Македонскиот атлетичар и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, оствари уште еден историски успех за домашната атлетика. Тој го освои

Документарецот за Слаткаристика предизвика дебати, Министерството појаснува дека филмот е за инклузија, а не за

30/05/2026

Одлуката на Агенцијата за филм да го поддржи документарниот филм „Слушни ме“ предизвика бројни реакции во јавноста, но надлежните институции

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy