
Добро утро! 27 степени по 9 часот во Скопје
Пеколни утрински температури измерени утрово во Скопје. 27 степени во 9 часот.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
14 Лазарополе, Берово, Битола, 16 Охрид, Претор, Демир Капија, 17 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Струмица, 18 Маврови Анови, 19 Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, Попова Шапка, 20 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци, Дојран, 21 Крушево, Виница.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.
