Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 До 31 март скопјани можат да склучуваат договори за отплата на долгови за вода на рати и без камати
Македонија

До 31 март скопјани можат да склучуваат договори за отплата на долгови за вода на рати и без камати

27/03/2023

AA

Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов.

-ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и истата завршува до крајот на оваа недела, односно заклучно до 31 март 2023. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат денеска од Јавното претпријатие.

Оттаму појаснуваат дека Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните можат да го контактираат Јавното претпријатие на телефонот 02 3073 010 – Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300 – Дирекција, како и на електронската пошта [email protected] , на веб страницата на препријатието www.vodovod-skopje.com.mk, како и не фејсбук-профилот www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгаснат пожарот во охридското село Рамне, интервенираа 12 пожарникари

15/07/2026
Македонија

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе достигнат и до

15/07/2026
Македонија

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026
Македонија

Голем пожар кај магацините во Охрид, огнот се шири кон

15/07/2026
Македонија

Мицкоски: Бараме формула за поевтинување на струјата од јануари

15/07/2026
Македонија

Повторно се разгоре пожарот кај Бајково: „Ер-трактори“ и бројни екипи

15/07/2026
Македонија

Драматично спасување кај Матка: Водата однесе два малолетника и едно

15/07/2026
Македонија

Полицијата му одзема шест возила и недвижен имот на бегалецот

15/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгаснат пожарот во охридското село Рамне, интервенираа 12 пожарникари

15/07/2026

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информира дека пожарот што избувна во селото Рамне е целосно изгаснат. Противпожарните екипи дејствувале брзо

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе достигнат и до 39°C

15/07/2026

Пред нас е период на претежно облачно, но исклучително спарно и топло време. Според најновите метеоролошки податоци за следните седум

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026

Јавната установа Национален парк „Галичица“ упати итен апел за зголемена претпазливост до локалното население, планинарите и туристите, откако денеска во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy