Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони за намалени плати
Македонија

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони за намалени плати

25/02/2026

AA

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува намалување на платите до 13.000 денари. Пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

Со овие закони, како што образложи претходно денеска еден од предлагачите на законските измени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, се воспоставуваат реални висини на платите. Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Уставот и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.

– Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд. Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец: за пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари – рече Стојаноски.

Во вечерашново продолжение зборуваше само пратеникот Скендер Реџепи кој рече дека во земјава има лоши услови за живот, а Владата, како што рече, ставила во план за себе да обезбеди нов авион вреден 100 милиони евра. Според него, популизам е намалувањето на платата на пратениците. Предложи онолку колку што ќе се намали платата на пратениците за толку да се зголеми платата на граѓаните.

На 89. седница без расправа беа донесени и измените на Законот за ветеринарно здравство и измените на Законот за идентификација и регистрација на животните.

Со 64 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржан беше донесен Предлог- законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево-Охрид.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕМА СТРАВ ОД ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО КАЖЕ

26/02/2026
Македонија

ДАЛИ ИСКАЗОТ НА ГРУБИ ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОРТАЦИТЕ НА ФИЛИПЧЕ?

26/02/2026
Македонија

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони

25/02/2026
Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат

25/02/2026
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА

25/02/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им

25/02/2026
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕМА СТРАВ ОД ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО КАЖЕ ГРУБИ Секој што го прекршил

26/02/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва изјави дека со враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е во домашен притвор

ДАЛИ ИСКАЗОТ НА ГРУБИ ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОРТАЦИТЕ НА ФИЛИПЧЕ? Во СДСМ во паника вртеле

26/02/2026

Венко Филипче и СДСМ се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДСМ, велат од

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат 16 степени

25/02/2026

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy