Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК: 58% од институциите не доставиле податоци за службените возила
Македонија

ДКСК: 58% од институциите не доставиле податоци за службените возила

29/09/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави дека голем дел од институциите не ја исполниле својата законска обврска да достават податоци за службените возила, согласно Изборниот законик.

Обврска да достават информации за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на возилата имаа вкупно 1.514 институции. До 29 септември 2025 година, тоа го направиле 635 институции или 42%, додека 879 институции, односно 58%, воопшто не доставиле податоци.

Од институциите што испратиле информации, 403 тоа го сториле навремено, пријавувајќи 4.079 возила, додека 232 институции со задоцнување пријавиле 2.558 возила. Според податоците објавени во Регистарот на службени моторни возила, досега се внесени информации за 578 институции кои располагаат со вкупно 6.637 возила. Од нив, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се, а за 178 возила нема податоци за возната состојба.

ДКСК посочува дека постојат несогласувања меѓу податоците доставени од институциите и оние што се водат во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР). Кај 34% од институциите бројките целосно се совпаѓаат, но кај 66% има отстапки – некои пријавиле повеќе, а некои помалку возила отколку што е заведено во МВР. Исто така, 27 институции пријавиле дека располагаат со возила кои воопшто не постојат во евиденцијата на МВР, што отвора сомнежи дека тие можеби се водат на други правни лица, но се користат од институциите.

Покрај тоа, дел од возилата имаат статус на класифицирани информации и не се јавно објавени.

Од 879 институции кои воопшто не доставиле податоци, ДКСК утврди дека 192 располагаат со 2.028 возила, според информациите од МВР.

„Со оваа пракса овозможуваме јавен увид и ја поттикнуваме транспарентноста и одговорноста кај институциите кои имаат обврска да пријават службени возила,“ наведуваат од ДКСК.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај

21/07/2026
Македонија

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани –

21/07/2026
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во

21/07/2026
Македонија

Клековски: Регистрирани уште 293 нови случаи, мерките почнуваат да даваат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Граѓаните во Гостивар ќе ја користат водата дури кога

21/07/2026
Македонија

Двајца мигранти кривично пријавени за разбојништво кај Гевгелија – нападнат

21/07/2026
Македонија

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44527
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт

21/07/2026

Големиот 60-метарски јарбол на кој беше истакнато државното знаме на Македонија, лоциран на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт“

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат дел од кровната конструкција

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика штети и на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Според првичните информации, поради силните

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани – бараме решение за кризата

21/07/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на справување со кризата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy