Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИТ ќе поднесе кривична пријава против штипски ресторан, каде во лифт загина еден пензиониран кувар
Магазин

ДИТ ќе поднесе кривична пријава против штипски ресторан, каде во лифт загина еден пензиониран кувар

30/05/2024

AA

Државниот инспектор за труд (ДИТ) ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Штип против фирмата ДУТ КАКАДУ ДООЕЛ Штип, во чиј угостителски објект на 18 мај се случи трагедија во која загина еден пензиониран кувар, а еден работник се здоби со тешки телесни повреди при пад на лифт. Во соопштението, кое денеска е лиферувано од страна на ДИТ стои дека инспектор извршил увид на местото на несреќата, при што утврдил дека се случила несреќа при работа на две ангажирани лица В. П. роден 10.07.1953 година и Т. О. роден 08.07.1968 година.

– Анажираните лица  извршувале работни задачи – сервирање и послужување на храна и пијалоци во ресторанот Астибо Плаза Штип. Во моментот кога се случила несреќата, истите ангажирани лица од кујната (која се наоѓа на првиот спрат од објектот), внесувале количка со празни чинии во теретен лифт и во моментот кога ја внеле количката во лифтот доаѓа до откинување на сајла на лифтот, при што лицата паднале со лифтот од висина од 4,80 метри и истите се здобиле со тешки телесни повреди, се вели во соопштението на ДИТ.    

Во него се вели дека присутните лица кои биле работно ангажирани во ресторанот, на инспекторот му изјавиле дека веднаш по падот на двете лица, истите биле контактибилни, укажана им е медицинска помош, по што веднаш се транспортирани во ЈЗУ Клиничка Болница – Штип.

За времетрањето на инспекцискиот надзор, добиена е информација од припадниците на СВР Штип, дека едно од повредените лица В. П. им подлегнал на повредите, а другиот ангажиран работник Т.О. се здобил со тешка телесна повреда.

 Инспекторот констатирал дека со двете ангажирани лица, работодавачот нема  склучено договори за вработување и истите работеле кај него спротивно на законските одредби. 

-Од областа на безбедност и здравје при работа, утврдено дека работодавачот има проценка на ризик на работните места, а нема склучен  договор за вршење на систематски прегледи со овластена здравствена установа од областа на медицина на трудот, нема спроведено систематски прегледи во овластена здравствена установа од областа на медицина на труд за двете ангажирани лица В.П. и Т.О. за истите лица нема спроведено соодветна обука за безбедност и здравје при работа по посебна програма од страна на овластена стручна фирма од областа на безбедност при работа и нема упатство за безбедно извршување на работните задачи за работно место –угостителски работник, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за труд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

11/11/2026
Македонија

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се

11/11/2026
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
Македонија

📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит

11/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧЕЊЕТО НАРАЧАНО ОД ОДБРАНАТА НА ГАЗДА ДЕКО Е „ИНЖЕНЕРСКА АЛХЕМИЈА“,

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46727
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Казнети се за малтретирање 13-годишно

11/11/2026

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров им е изречена мерка

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се и останатите членови на раководството

11/11/2026

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора. Тој е избран со 63

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На рочиште за „Лотарија на Македонија“

11/11/2026

Со испитување на вештото лице д-р Анита Поповска, по професија економист, денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy