Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИРЕКТОРСКИ ПРОМЕНИ ВО КИЧЕВСКА ФИРМА ЗА ЛЕБ – со добивката ќе се покриваат загуби од минати години
Економија

ДИРЕКТОРСКИ ПРОМЕНИ ВО КИЧЕВСКА ФИРМА ЗА ЛЕБ – со добивката ќе се покриваат загуби од минати години

16/06/2023

AA

Директорски
промени се случуваат во компанијата од млинско-пекарската индустрија „Жито
Караорман“ од Кичево.

Оваа
компанија на 17 идниот месец ќе одржи Собрание на акционери, а на неа, покрај
бројните други одлуки кои што треба да се донесат и кои сега се само во фаза на
предлог, е и разрешување на досегашните директори, и избор на нови.

Засега,
иако до акционерите на компанијата е објавен јавен повк за одржување на
Собранието, имињата на новите директори не се соопштени во предлог одлуката,
туку на нивните места е оставен празен простор, што значи дека или не се избрани
и по таквите кадровски решенија се уште се трага, или тие се познати, но засега
се одлучило да останат во тајност.

„Се
разрешуваат досегашните членови на Одборот на директори, Марјан Максимоски, поради поднесена оставка, Софронија Миладиноски и
Слободан Јовески. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесување… Се именуваат нови членови во Одборот на
директори на МПИ Жито Караорман А.Д. – Кичево:  ___________________________ – неизвршен член
во Одборот на директори; – ___________________________ – неизвршен член во
Одборот на директори; – ___________________________ – извршен член во Одборот
на директори“, се вели во предлог
одлуките за кои треба да гласаат акционерите на Собранието.

Инаку,
работењето на досегашните директори на „Жито Караорман“ од Кичево, односно на
Одборот на директори, но што се однесува за претходната, 2021 година, ќе биде
одобрено на претстојното Собрание.

„Се
одобрува
работата и водењето на работењето на Друштвото од страна на членовите на
Одборот на директори за 2021
година и тоа Софронија Миладиноски, претседател, Марјан Максимоски, член и Слободан Јовески, член“, е нагласено во предлог одлуката.

Уште
една интересна одлука што треба да ја донесат акционерите на Собранието е онаа
за распределба на дивидендата за ланската година. Притоа, се очекува дека
акционерите ќе гласаат за одлуката остварената добивка во
деловната 2022 година да се употреби за покривање на загуби од минати години.

Ќе
се донесат и одлуки за одобрување и усвојување на Годишната сметка за
деловната 2022 година, за одобрување
и усвојување на Финансиски извештај за истата
година, за усвојување на извештај од независен
ревизор, како и за избор
на можен ревизор за деловната 2023 година.

“Жито
Караорман” АД Кичево, како што ја опишале нивната дејност на берзата, е една од водечките фирми во млинско пекарската индустрија
во Република Македонија која располага со најсовремени машини за производство
на брашно, леб и бели печива.

Инаку,
согласно последната состојба од Централниот депозитар, Сретен Миладиноски е
доминантен сопственик во компанијата со 50,67 отсто, потоа следуваат Селаудин
Арифи со 23,52 отсто, а 5,09 отсто има Сашо Крстевски.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy