
Директорот на затворот „Идризово“: Институциите заборавиле дека постои, имаме долг од над милион евра (ВИДЕО)
Па можам да кажам дека за овие три месеци што сум тука не само државата, институциите заборавиле дека постои затворот. Од екипирање со луѓе, со опрема со одржување на тоа што е постоечк. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави првиот човек на затворот Идризово, Зоран Јовановски, чија институција повторно влезе во фокусот на јавноста со прогласената кризна состојба.
„Да, кризната состојба е прогласена на 6 Јуни по барање на установата и една од најголемите проблеми зошто е побарана е бројот на затворските полицајци односно бројот на извршители на затворот Идризово“, вели Јовановски.
Колкави се долговите. Како ќе се надминат тие и кон кого се најголемите долго зошто се толкави ?
„Моето согледување е дека тие долго што се н се направени во некоординирано институционално координирање. Ние имаме најголеми долгови кон Министерство за здравство, МВР и струја, вода“, вели Јовановски.
Колкав е долгот на затворот?
„На дневно се менува и се зголемува. Па преку милион евра“, додава Јовановски.