Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони
Економија

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

07/04/2025

AA

Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски слободни зони, во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека големата царинска стапка што САД и администрацијата на претседателот Доналд Трамп и ја воведоа на Македонија индиректно ќе ги погоди странските инвеститори.

– Директен ефект ние ќе почувствуваме, но до одредена и не толку голема мера. Но индиректнито ефект ќе има кај сите извозници од Макеоднија чиј најголем дел од производите е наменет за ЕУ и таму се очекува понегативни последици по компаниите, вклучувајќи ги и компаниите од ТИРЗ-овите, но колкав ќе биде ефектот, ќе покаже времето

Сите се во ситуација на исчекување, секојдневно сум во контакт со нив, ќе мора да почекаме да видиме првата половина од 2025 како ќе помине. Согласно информациите, одма по донесената одлука на администрацијата на Трамп, се стапи во контакт со Стејт Департменот и претставници од нашата Влада се во секојдневна комуникација за изнаоѓање на решение, Премиерот Мицкоски веќе најави дека ќе има позитивни вести, рече Димовски.

Директорот на ТИРЗ откри дека ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ по девет години работа во „Бунарџик“, најверојатно ќе ја продаде фабриката на друга мултинационална компанија.

– Последнити информации се дека се бара купец од Аптив за друга мултинационална компанија што е заинтересирана, Аптив во 2014-2015 ја купува фабриката од друга мултиналционална компанија и тоа е нешто што постои, кажа Димовски..

Како што додаде, Аптив како странски инвеститор има договорни обврски и ќе мора да ја врати државната помош со камата доколку си замине од Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy