Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Вчерашните случувања во Собранието се типична аздисаност на ДУИ додека СДСМ борејќи се за сопствените фотелји молчи
Македонија

Димитриевски: Вчерашните случувања во Собранието се типична аздисаност на ДУИ додека СДСМ борејќи се за сопствените фотелји молчи

29/01/2024

AA

„Ние немаме техничка или Пржинска влада. Имаме влада којашто е договорена помеѓу коалиционите партнери ДУИ и помалиот партнер СДСМ и имаме премиер којшто доаѓа од албанската етничка заедница. Мислам целото тоа помпезно, спектакуларно најавување на премиер Албанец, да крунисавме крал ќе беше помалку спектакуларно. Тоа што се случи во Македонија вчера и денес само демонстрира една супериорност на ДУИ која што е аздисана од власт и која по секој основ се обидува да ги фрустрира најголем дел од гласачите од македонската нација и во исто време да извлече некои ситни поени од албанскиот електорат. Многу побитно за мене е владата да функционира суштински, а тоа значи во рамки на нејзините надлежност да овозможи да организираме фер и демократски услови, но гледајќи од вчера како се однесуваа првенствено спрема новинарите коишто всушност се столбот на демократијата и бранителите на демократијата во секое едно општествено, не ми остава простор да размислувам дека оваа влада непристрасно ќе делува“, вели лидерот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното издание на „Само вистина“.

Димитриевски упати остри реакции на вчерашното организирано носење странски новинари од Албанија и Косово во Собранието и злоупотреба на владините службени возила за превоз на новинарите, нарекувајќи го овој чин стара пракса од времето на Груевски.

„Апсолутно се согласувам со реакцијата на ЗНМ. Но оваа влада впрочем е позната дека е влада којашто под покровителство на борба за еднакви права и можности за сите особено во делот на слободата на медиумите ја примени една стара пракса од времето на Груевски а тоа е да узурпира што поголем новинарски простор и под своја команда и диктатура да стави што поголем медиуми во државата. За жал успева во тоа. Немам ништо против да дојдат странски новинари и да ги пренесуваат сите актуелни теми во државата, но не да им се дадат сите можности на нив и тоа без преседан да се возат во државни коли. Сметам дека сето тоа беше координирано од штабот на господинот Груби којшто всушност важи во ДУИ за човек којшто соработува и работи директно со медиумите тој и неговиот тим. Тоа што го демонстрираа во собранието, порано тоа беше во партискиот а подоцна и во службениот кабинет на Груби. Вчера во Собранието со пијалоци и песни се покажа само една типична аздисаност од страна на ДУИ и дека никој ништо не им може, а СДСМ борејќи се за сопствените фотелји молчи“ истакнува тој.

Тој упати критики и до Џафери за употребата на албанскиот јазик како прв јазик во неговото обраќање до јавноста, потенцирајќи дека со оваа постапка Џафери го фрустрира поголемиот број население кое што живее во оваа држава.

„Првиот официјален јазик е македонскиот, вториот е албанскиот. Но вчера сакаа да покажат супериорност и врз база на тоа да ловат политички поени кај албанскиот електорат бидејќи оваа навидум зелена, проевропска партија всушност е национално-етничка партија којашто во моментот кога ја губи власта се претставува за голем борец за правата на Албанците и за тоа добива поддршка од некои соседни држави“, вели Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy