Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Со потпишувањето на францускиот предлог направивме долгосежни последици по државата и по сите идни влади кои ќе дојдат во состојба да го решаваат овој предлог
Македонија

Димитриевски: Со потпишувањето на францускиот предлог направивме долгосежни последици по државата и по сите идни влади кои ќе дојдат во состојба да го решаваат овој предлог

31/03/2023

AA

„Со потпишување на францускиот предлог и прифаќање на истиот направивме долгосежни последици по државата и по сите идни влади кои ќе дојдат во состојба да го решаваат овој предлог. Зошто? Затоа што еден предлог којшто беше билатерален го трансформиравме во мултилатерален проблем“. Ова вчера го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Во емисијата, тој за првпат и ексклузивно напомена неколку можни решенија како да се надмине овој проблем.

„Македонија отсекогаш била космополитска држава, која давала еднакви права и можности на сите граѓани. Нашиот Устав ги содржи сите етнички заедници кои постојат, за пописот во Куманово добив информација дека имаме околу 300-тини Бугари и веднаш го ставив бугарското знаме во кабинетот. Значи, не претставува никаков проблем за мене Бугарите да влезат во Уставот, но по одреден реципроцитет. Што тоа значи? Народот којшто ние го признаваме де-факто мора суштински да го признае македонскиот народ, не условено, туку без услов. Ние имаме своја историја, контиунитет, генеза, нашите предци постоеле како Македонци и нашите внуци и правнуци ќе постојат како Македонци. Мојот предлог е дека со официјална Софија како што носеше многу декларации досега во нивното собрание треба да донесе една нова декларација која ќе биде гарант за македонскиот идентитет, континуитет, македонската историја и едноставно ќе стави крај на сите тие шпекулации и тие негативни негирачки ставови кои доаѓаат од официјална Софија. Во политиката се е можно, но постои и план Б. Европската Унија нека донесе една таква одлука во своите највисоки тела и органи. Советот е во Парламентот. Доколку дозволуваат да се случуваат преседани тогаш истите треба и да ги менаџираат. Во овој случај Европска Унија може да ратификува еден таков документ којшто ќе го гарантира тоа што ние го бараме и потоа никој нема нас да не оспорува. Зошто? Ако вие ги вклучите Бугарите во Уставот во моментов, а всушност тоа се македонски граѓани со бугарска етничка припадност како што се нарекуваат и јас немам ништо против нив, тие се реалност и треба да бидат таму. Што ќе ви се случи утре кога ваш граѓанин жител на Македонија ќе дојде и ќе ви покаже со прст и ќе ви каже „Гоце ти не си Македонец, ти си Бугарин, јас го велам тоа“ како човек тука од Македонија. Затоа е потребен одреден реципроцитет за да се самозаштитиме, бидејќи јас не сакам да дозволам Македонија од прост вид да се трансформира во сложена“, рече Димитриевски.

Димитриевски информираше дека има и план 3, којшто првично ќе им го соопшти на дипломатите, а потоа на јавноста.

„Најголемиот пораз на Македонија е всушност поразот на непрофесионалната дипломатија којашто ја креираа децении наназад политичките субјекти со лошото менаџирање во овој ресор. Македонија ја изгуби оваа војна уште пред да почне на полето на дипломатијата. Успешните преговарачи не дозволуваат вакво потпишување на вакви договори бидејќи преговор е умешност, имате едно ниво лидер, второ ниво државник и третото највисоко ниво е дипломат. Зошто Јосип Броз по завршување на Втората светска војна ги остави сите дипломати од Кралство Југославија во служба на Федерална држава? Затоа што сакаше да изгради сериозна дипломатија и Југославија го имаше тоа. Ние од сериозна дипломатија ги оставивме дипломатите да решаваат еурека и судоку, а испративме партиски луѓе низ светот да не претставуваат коишто дури не знаеа ни англиски да зборуваат“, изјави Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42415
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy