Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните
Македонија

Димитриевски: Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните

09/04/2024

AA

Караванот на Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на Македонија од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион. Димитриевски одржа средби со граѓани во Јегуновце, Теарце, Брвеница и во Тетово.

Димитриевски истакна дека досегашните претседатели се покажале дека повеќе се верни на партијата која ги номинирала, отколку на граѓаните кои ги избрале и тоа треба да се промени.

– Ниту еден претседател во историјата на оваа држава, со исклучок на поединци со доблест и став, не се одважија во ниту една прилика да кажат НЕ, на кој било политички субјект, а камоли на тоа од кај што потекнуваат. Јас од позиција на претседател никогаш нема да потпишам закон со којшто не се согласува мнозинството на граѓаните во оваа држава. На крајот на краишта, никогаш закон кој се прави измени во Кривичниот законик за само-амнестирање на овие актуелни и оние коишто беа, а притоа да молчам. Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните, со граѓаните, секојдневно да ги чувствува нивните маки и проблеми и да ги споделува, истакна во Тетово, Максим Димитриевски.

Кандидатот за претседател рече дека на изборите граѓаните гласаат против и така ќе биде и сега.

– Дојдоа времиња невремиња во Македонија, 30 години, едно исто, доаѓаат едни си заминуваат други, по 4 или 8 години се враќаат тие коишто претходно заминале и секоја година се полоши од тие коишто претходно биле, и така во континуитет, сето тоа се врти во круг, а од година во година, граѓаните се сè полошо и полошо. И факт е дека сме пред историски чин, дека сме пред историски момент за сите нас. Граѓаните можеби и сакаат да променат оваа состојба. Ние во Македонија во континуитет гласаме против ниту еднаш за, секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. И за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме 7 кандидати, а жртва сме на два политички субјекта во македонскиот блок и два субјекта од албанскиот блок, посочи Димитриевски.

На средбите со граѓаните се обрати и носителот на списокот со кандидати за пратеници Небојша Захариески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy