Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре
Економија

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

04/03/2025

AA

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем, ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во изјава за Канал 5 од Будимпешта, таа наведе дека побарувачката кај компаниите за користење на средства е неколку пати поголема од износот на кредитот и оти средствата се достапни за сите компании.

„Согласно условите што ги одреди Владата право на пристап до овие средства имаат сите компании со исклучок на оние што се занимаваат со производство на алкохолни пијалоци, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, рече министерката  додавајќи дека директен увид во одлуките на банките за тоа кои проекти ќе бидат поддржани нема, но дека доколку има отстапки банките би можеле уште еднаш да ги разгледаат апликациите и да ги земат предвид билансите на компаниите.

Таа се осврна и на делот од заемот кој е повлечен од Унгарија за поддршка на општините и изрази задоволство од реализацијата на тие средства.

„Очекувам да имаме одлична реализација имајќи предвид дека имаме изборна година и дека секој еден градоначалник без разлика од која политичка партија  ќе има желба да праави побрза реалиација на проектите со кои ќе аплицира“, рече министерката.

Министерката за финансии вчера и денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министри од Владата,  учествуваше во Будимпешта на Македонско-унгарскиот самит. 

фото Фејсбук/Гордана Димитриеска-Кочоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за

06/10/2026
Македонија

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата

06/10/2026
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46017
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за викенд се можни поројни врнежи

06/10/2026

Времето во среда, 7 октомври, ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата ги претресува неговиот дом и

06/10/2026

Полицијата вечерва соопшти дека ги претресува домот и службените простории на виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Постои

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

06/10/2026

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy