Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД
Економија

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

10/04/2025

AA

Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.

„Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив.  Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки,  денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористиможноста за средба во Трезорот на САД. 

„Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза. Дискусијата за слободна трговија останува и тука не се откажуваме“  вели Димитриеска – Кочоска.

Според неа од овие одлуки најмногу последици ќе трпи американската економија. „Таму“, како што додава, „може да се каже дека доколку продолжат одлуките такви какви што се ќе влезат во стагфлација, односно намалување на растот, можеби негативен раст и инфлацијата со сигурност на нивно тло, а сето тоа во Европа ќе оди задоцнето“, истакна министерката за финансии.

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум што се одржува во грчкиот град Делфи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy